Свет
Велика Британија ја поддржува препораката на ЕК за преговори

Анализите на Велика Британија покажуваат дека во Македонија има добар, конкретен напредок и врз основа на тоа Лондон ја поддржува препораката на Европската Комисија за започнување преговори за полноправно членство
Анализите на Велика Британија покажуваат дека во Македонија има добар, конкретен напредок и врз основа на тоа Лондон ја поддржува препораката на Европската Комисија за започнување преговори за полноправно членство.
Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави британскиот амбасадор во Македонија Ендру Ки, нагласувајќи дека одлуката на министерскиот совет мора да се донесе со консензус и изрази надеж дека ќе има напредок во разговорите околу името, како и напредок во реформскиот процес.
„Лично верувам дека сега има можност за нова динамика околу прашањето за името“, нагласи амбасадорот Ки.
„Со позитивниот извештај на Европската Комисија и препораката за започнување преговори, како и со новата влада во Грција, мислам дека има добра можност. Се надевам дека таква една позитивна и нова динамика ќе се одрази во преговорите со посредство на Метју Нимиц и дека тоа ќе овозможи и побрз напредок“, додаде британскиот амбасадор.
„Атмосферата ја толкувам како позитивна и со тоа можам да сметам дека двете страни се поблиску до решение. Оваа година и медијаторот Метју Нимиц беше попозитивен со оценките околу разговорите. Неодамна имаше и состанок на двајцата премиери, што јас го толкувам како позитивен чекор и сето тоа, верувам, придонесува кон создавање на нова позитивна динамика и добра база за наоѓање решение, изјави британскиот амбасадор во Македонија Ендру Ки во интервјуто за Радио Слободна Европа. /крај/рсе/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.