Македонија
Аеродром ги опоменува жителите да го чистат снегот

Скопската општина аеродром во понеделникот испрати јавна опомена до заедниците на сопствениците (куќните совети) и корисниците на јавните објекти да се вклучат во чистењето на снегот.
Скопската општина аеродром во понеделникот испрати јавна опомена до заедниците на сопствениците (куќните совети) и корисниците на јавните објекти да се вклучат во чистењето на снегот.Општинсктие власти на Аеродром потсетуваат притоа дека според членот 37 од Законот за јавна чистота, на правните лица сопственици, односно корисници на јавни објекти, а тоа значи и на заедниците на сопственици кои нема да го исчистат снегот од отворениот простор пред објектите ќе им се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. Изминатите денови инспекциските служби на Општина Аеродром доставија опомени до повеќе сопственици, односно корисници на јавни објекти да почнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со цел да се обезбеди непречен пристап до објектите.Правните субјекти, поточно Заедниците на сопственици (куќните совети) и сите сопственици и корисници на јавни објекти кои нема да постапат според член 22 став 2 од Законот за јавна чистота, односно нема да ја извршат обврската во зимски услови при снежни врнежи да обезбедат непречен пристап до објектите, ќе бидат парично казнети, велат одОпшрина Аеродром./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.