Свет
Прва жртва на грипот во САД двегодишно дете
Првата жртва на вирусот H1N1 во САД е 23 -месечно дете од Тексас, потврди денеска американската влада
Првата жртва на вирусот H1N1 во САД е 23 -месечно дете од Тексас, потврди денеска американската влада.
Тоа воедно е и прв смртен случај надвор од границите на Мексико, каде грипот се појави и досега однесе најмалку 159 животи.
Засега се уште нема детали за смртта на двегодишното дете, а повеќето од 66 заболени од новиот тип на грип во САД имаат поблага форма болеста./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Пукање пред трговски центар во Берлин: напаѓачите во бегство, хеликоптери трагаат по нив
Синоќа имало пукање пред трговски центар во Берлин, кога неколку напаѓачи отвориле оган врз маж.
Полицијата во саботата вечерта извршила голема акција при што едно лице е тешко повредено.
Полицискиот хеликоптер и итната помош на терен во моментов трагаат по сторителите.
Маж е нападнат пред трговски центар, хеликоптери трагаат по сторителите
Според досегашните информации, полицијата и пожарникарите биле алармирани за пукање и едно лице со прострелни рани околу 19 часот и 30 минути. Едно лице со прострелни рани опасни по живот е пренесено во болница.
#Berlin #Hohenschönhausen – Mann durch Schüsse vor Einkaufszentrum schwer verletzt, SEK bei Absuche nach Tatverdächtigen im Einsatz pic.twitter.com/Al5BeKOBrE
— Fotograf T. Peise (@ThomasPeise) December 22, 2024
Петмина загинати во терористички напад
Ова пукање се случи само еден ден по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург. Тогаш Талеб А, 50-годишен лекар од Саудиска Арабија, со својот автомобил влетал на пазарот.
Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети.
Официјални лица потврдија дека напаѓачот е државјанин на Саудиска Арабија, кој речиси две децении живее во Германија, каде што работи како лекар. Повеќе германски медиуми го идентификуваа осомничениот како Талеб А. Во извештаите се наведува дека тој е експерт за психијатрија и психотерапија. Се уште не е утврден мотивот поради кој Талеб А. налета на толпата. Наводно, насилникот со години на интернет искажувал исламофобични ставови.
Свет
(Фото+видео) Неконтролиран шумски пожар во Австралија, евакуирани стотици жители
Неконтролираниот шумски пожар близу националниот парк Грампианс, во Австралија, предизвика евакуација на стотици жители. Најверојатно ќе гори уште неколку дена, соопшти денеска Агенцијата за вонредни ситуации на австралиската држава Викторија.
🚨🇦🇺 BLAZING IN THE BUSH: FIRE WREAKS HAVOC IN AUSTRALIA
A raging bushfire in Victoria’s Grampians National Park, 162 miles west of Melbourne, has torched 84,000 acres and forced evacuations, including Halls Gap, a tourist spot 157 miles northwest of the city.
Lightning sparked… pic.twitter.com/WJnMSAJsAF
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) December 22, 2024
Наредбата веднаш да се напуштат домовите изложени на најголем ризик од пожар сè уште е во сила за местата во близина на пожарот, во и околу Националниот парк Грампианс, кој се наоѓа на околу 241 километар западно од Мелбурн.
Grampians Inferno: 84,000 Acres Ablaze, Halls Gap Evacuated
A devastating bushfire, sparked by lightning, has ravaged 84,000 acres in Victoria's Grampians National Park, just 162 miles west of Melbourne.
The fire, which started on Tuesday, remains uncontrolled despite the… pic.twitter.com/yzUODORyPq
— Apex Breaking News (@apexnewsnow) December 22, 2024
Warning level for Grampians bushfire downgraded to ‘watch and act’ as firefighters sweat on 39C Boxing Day https://t.co/7NGXtnB3b6
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) December 22, 2024
Заменик-началникот на пожарникарите Гери Кук изјави дека пожарот зафатил околу 34.000 хектари шума.
Thick smoke from the massive Grampians National Park fire blankets Melbourne, Australia, as satellite images reveal intense heat zones marked in red 🔥.#GrampiansFire #Melbourne #Bushfire #GrampiansNationalPark #Victoria #Australia
pic.twitter.com/bZQPnQ6VfO— Mr. Shaz (@Wh_So_Serious) December 20, 2024
Стотици пожарникари, потпомогнати од 25 противпожарни авиони, се борат против пожарот што го предизвика гром во вторникот , објави вчера ABC Australia.
Свет
(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати
Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa.
Несреќата се случила во градот Мугла, а на терен се спасувачки екипи.
Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради густа магла.
Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот, јавуваат турските медиуми.
Muğla Eğitim ve Araştırma Hastanesi'ne helikopter çarptı. pic.twitter.com/mrBchd4znD
— Haber Pusulası (@haberpusulasi_) December 22, 2024
“Хеликоптерот се урна во болницата при полетување. Имаше густа магла, се истражува причината за несреќата. Четворица членови на нашиот персонал загинаа. Од тука полета за да замине за Анталија. Нема проблем во болницата. Несреќата се случила кога хеликоптерот излетал од пистата“, изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.
Според медиумите, хеликоптерот паднал во празен простор.
#SONDAKİKA – Muğla Eğitim ve Araştırma Hastanesi'ne çarpan bir helikopter, yakınındaki boş alana düştü. Ekiplerin olay yerinde çalışmaları sürüyor. pic.twitter.com/wTR8co3fsL
— Habertürk TV (@HaberturkTV) December 22, 2024