Македонија
Кекеши: Македонското прашање го држевме високо на агендата
Унгарија го држеше македонско прашање високо на агендата во изминатите шест месеци и преку нашите активности им посочувавме на другите земји членки за важноста од стартот на пристапните преговори со Македонија, изјави амбасадорот Ференц Кекеши на истекот од унгарското претседателство со ЕУ.
Унгарија го држеше македонско прашање високо на агендата во изминатите шест месеци и преку нашите активности им посочувавме на другите земји членки за важноста од стартот на пристапните преговори со Македонија, изјави амбасадорот Ференц Кекеши на истекот од шест-месечното унгарско претседателство со ЕУ.Кекеши вели дека отварањето на преговорите е важно не само за Македонија, туку и за Унгарија и сите земји-членки.„Ние сме за почеток на преговорите што е можно поскоро, поради тоа не е само интерес на Македонија и на Унгарија, туку на сите членки на ЕУ. Ние ги повикавме двете страни да го забрзаат преговарачкиот процес, поради тоа што доборососедските односи и регионалната соработка се важен дел од тоа да се биде членка на ЕУ“, рече Кекеши.Посочува дека Унгарија го задржала фокусот на Македонија преку постојаното посочување на потребата за понатамошна интеграција на земјата, но и преку можноста за директно учество на македонски преставници на состаноците на највисоко ниво во Брисел.„Факт е дека со нашата активност во Брисел и овде во регионот, преку промоцијата на потребата за понатамошно проширување, ние им објаснувавме на другите земји-членки зошто е важно да се земе Македонија во тимот, да се остават вратите отворени за пристапните преговори и ја ставивме Македонија на агендата за дискусија. Како што реков, во Луксембург успешно организиравме форум ЕУ-Западен Балкан на највисоко ниво, кој беше добра прилика пред Европскиот Совет за вашата земја, за вашиот министер за надворешни работи да го презентира вашиот став и вашите намери за во иднина. Во таа смисла, мислам дека во последните шест месеци случајот за Македонија беше дискутиран многу почесто од порано. Ние ја дадовме можноста на вас, на вашите политичари да бидат точка на интерес“, рече Кекеши.За унгарскиот амбасадорот, Македонија постигнала напредок во изминатиот период, но и дека остануваат предизвиците наведени во минатогодишниот извештај на Европската Комисија,„Она што е важно е дека имавме слободни и добри избори во јуни. И тоа е дел од вашите перформанси. Друго прашање е дека има прашања што остануваат – реформите во државната администрација и други области, но ние се надеваме дека врз основа на основа на првите изјави и првите знаци од вашите политичари, владата и парламентот ќе имаат активна улога во периодот“, рече Кекеши.Унгарија в петок, 1-ви јули, претседателството со Советот на Европската Унија ќе го предаде на Полска. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
101 санкција за непрописно вградени фолии во автомобили во јануари
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, извести МВР.
При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од Министерството и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

