Свет
Убиен водачот на талибаните

Лидерот на радикалната исламистичка секта „талибан“ во Нигерија е убиен откако бил уапсен. Локална нигериска телевизија емитувала снимки од убиениот водач на нигериските талибани
„Преколнуваше и молеше за простување пред да биде застрелан од огнено оружје“, изјавил полицаец од Маидагура, главниот град на нигериската дрѓава Борно, каде е ликвидиран Мухамед Јусуф. Репортерите на France Presse ги препознале Јусуф од снимките на локалната телевизија која го прикажала неговото голо тело. Тие велат дека телото било изрешетано од куршуми.Малку пред објавување на оваа информација, владини извори потврдиле дека Јусуф е упасен, откако во четвртокот наутро по жестоките пресметки успеа да се извлече со 300 негови приврзаници. Во судирите меѓу владините безбедносни сили и исламистичките бунтовници кои се водат од неделата во четири нигериски држави на северот од државата, загинаа повеќе од 600 луѓе.Во четвртокот наутро Мохамед Јусуф успеал да избега придружуван од околу триста негови следбеници. Неговиот заменик беше убиен во средата вечер во текот на бомбардирањето. Од четвртокот сабајле, војниците ги претражуваат една по една сите куќи во градот Маидагури, трагајќи по Јусуф и неговите следбеници. Репортер на АP извести дека видел како војници стрелаат врз џамија во Маидагури, од каде било возваратено исто така со стрелба. Тој избројал педесетина тела во џамијата и уште толку во нејзиниот двор. Според неговото известување, милитантите биле вооружени со ловечки пушки, со лакови и со стрели. Во близината на џамијата биле пронајдени уште пет тела, а меѓу нив и на човек на сектата Боко Харам, Букар Шеко.Милитантите се стремат да го наложат владеењето на Шеријатското право во целата мултиконфесионална држава. Таа напаѓа полициски припадници, а полицијата, христијански цркви, затвори и владини згради во бран од насилство кој започна од главниот град на државата Борно, кој брзо се рашири во другите три соседни држави. Засега не е познато колку се ранети и колку лица се уапсени, но тие бројки се проценуваат на повеќе десетина. Исто така, се проценува дека од вчерашните и денешните судири повеќе од илјада лица ги напуштиле своите домови, кои им се приклучиле на околу трите илјади бегалци од четири нигериски држави од почетокот на седмицава. Најтиражниот нигериски весник Vanguard известува за насилства од средата и во државата Јобе, каде милитантите ги напаѓале безбедносните сили. Полициски извори соопштиле дека вчера во близината на Потискум, вториот по големина град во Јобе, биле убиени 43 милитанти. Во државата Баучи, пак, се известува за 42-ца убиени, вклучувајќи и двајца војници и еден полициски офицер, 67-мина биле хоспитализирани со сериозни рани, а 157 мажи биле уапсени. Претседателот Умару Јар’Адуа, кој беше критикуван затоа што ја напуштил државата во вторникот навечер за посета на Бразил, се труди да остави впечаток дека ситуацијата е под контрола.Нигерија има 140 милиони жители, а речиси е еднаква бројката на христијани и муслимани. Досега немало поголеми инциденти меѓу двете религиски групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.