Свет
Протест пред Владата поради изборната измама

Лидерите на опозициските партии утре пред Владата ќе организираат масовен протест бидејќи сметаат дека државните органи во првиот круг од изборите му ја одзеле победата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
КОСТОВСКИ И ОПОЗИЦИЈАТА во офанзива
Лидерите на опозициските партии утре пред Владата ќе организираат масовен протест бидејќи сметаат дека државните органи во првиот круг од изборите му ја одзеле победата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
Тие вчера се договорија со Костовски на ваков начин да изразат револт од изборните измами на власта и непочитувањето на волјата на граѓаните.
– Не е страшно што владејачката гарнитура, на чело со премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски, ни ја украде победата во првиот круг од изборите, туку е страшно што се загрозени нашите заложби да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Станавме заробеници на теснопартиските интереси на група луѓе подготвени да ги жртвуваат државните интереси за да останат на власт. Повикувам да престане со тргување на гласовите на Албанците и на Ромите оти тоа го нарушува нивното достоинство – изјави Костовски на вчерашната прес-конференција.
Тој ги повика граѓаните в недела масовно да гласаат за кандидатите за градоначалници на опозицијата.
Опозициските лидери и Костовски решија да ги поддржат барањата на дел од албанските политички партии за поништување на првиот круг од гласањето, зашто сметаат дека е направен фалсификат. Тие апелираа ОБСЕ и Советот на Европа да го зајакнат присуството на избирачките места, а Владата ја предупредија дека нема да дозволат легализација на изборниот фалсификат. (М.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер: Газа ќе биде целосно уништена, жителите раселени

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денес изјави дека Појасот Газа ќе биде „целосно уништен“ по војната меѓу Израел и Хамас, а неговите жители ќе бидат раселени.
Зборувајќи на конференција на доселениците на Западниот Брег, тој одговори на прашање за тоа како би изгледала победата во Појасот Газа за него.
„Газа во целост уништена“, рече тој.
Смотрих понатаму изјави дека жителите треба да бидат концентрирани во „хуманитарна зона“ на крајниот југ од крајбрежниот појас, јужно од поранешната израелска населба Мораг.
Оттаму, тие треба да ја напуштат Газа во голем број и да се преселат во други земји.
Министерот тврдеше дека во рок од шест месеци нема да има повеќе Хамас во Газа.
Израелската влада ѝ нареди на армијата да го окупира Појасот Газа и да одржи долгорочна окупација. Десетици илјади резервисти се мобилизирани за голема офанзива.
Според владини извори, планот вклучува и преселување на палестинското население од север кон југ од територијата.
Владата изјави дека нејзина цел е да ја победи палестинската исламистичка терористичка организација Хамас и да обезбеди ослободување на заложниците што ги држат исламистичките екстремисти.
Сепак, крајно десничарските политичари како Смотрич, исто така, се залагаат за повторно воспоставување на израелски населби во Газа, од кои Израел се повлече пред 20 години, пренесуваат медиумите во светот.
Свет
Руско предупредување до Киев: „Ќе одговориме соодветно на украинските напади“

Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празниците е актуелна. И соодветните инструкции ги даде врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на нашата позиција. Огнот ќе престане, но ако режимот во Киев не пружа реципроцитет, а обидите за напад на нашите позиции или наши објекти продолжат, тогаш веднаш ќе следи соодветен одговор – рече Песков на прес-конференцијата.
Тој додаде дека соработката на Русија со Соединетите Американски Држави во преговорите за мирно решение на украинската криза продолжува.
Песков истакна дека Русија ги поздравува сите земји кои се подготвени да вложат напори за насочување на конфликтот во Украина кон мирно решение.
Тој оцени дека режимот во Киев продолжува да демонстрира став насочен кон продолжување на војната со Русија.
– Киевскиот режим продолжува да го демонстрира својот пристап, својата позиција. Овој став е насочен кон продолжување на војната – рече Песков.
Русија, со одлука на претседателот на Руската Федерација, прогласи прекин на огнот во текот на деновите на 80-годишнината од Победата. Во овој период, сите воени операции ќе бидат суспендирани, соопшти Кремљ.
Свет
Макрон со честитка до Мерц: Од нас зависи да го направиме француско-германскиот мотор посилен од кога било досега

Францускиот претседател Емануел Макрон, испрати честитка до новоизбраниот германски канцелар Фридрих Мерц, на германски јазик.
„Од нас зависи да го направиме француско-германскиот мотор посилен од кога било и да ја забрзаме нашата европска агенда за суверенитет, безбедност и конкурентност“, рече Макрон.
Макрон потврди дека двајцата ќе се сретнат утре, како дел од првото странско патување на Мерц во Париз и Варшава.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше меѓу првите светски лидери што упатија официјални честитки до Фридрих Мерц.
Во објава на социјалните мрежи, тој изрази надеж дека во иднина ќе види поголемо германско лидерство во европските и трансатлантските прашања.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го нарече Мерц докажан пријател и експерт за Европа, велејќи дека тие ќе работат заедно за посилна и поконкурентна Европа.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, се приклучи на честитките на германски јазик – додавајќи дека се радува на заедничката работа на амбициозна европска програма.