Македонија
„Дневник“: Цела Фиренца лее за Македонија
Фирма од Фиренца, специјализирана за леење во бронза е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар, вредни околу десет милиони евра
Фирма од Фиренца, специјализирана за леење во бронза е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар, вредни околу десет милиони евра.
Ова денеска го пишува „Дневник“ и наведува дека дошол до пет договори меѓу Општината и италијанската леарница „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“.
Според весникот десетте милиона евра ќе бидат платени за изработката и монтирањето за коњаничките скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, како и за четирите лава што ќе треба да се постават на мостот „Гоце Делчев“, како и за „скулптури и релјефи од бронза од готови модели“ вредни 4,5 милиони евра.
Најверојатно токму последниов договор, во кој не е именуван ликот-мотив, се однесува на грандиозната скулптура на Александар Македонски, пишува „Дневник“.
За едниот пар лавови цената е 1.150.000 евра, а за другиот е 1.180.000 евра. За коњаничка скулптура на Никола Карев во бронза Општината ќе и’ плати на фирмата 715.000 евра, а за онаа на Гоце Делчев и на Даме Груев – 850.000 евра.
Договорите за јавна набавка се од 2008 година и се од доверлив карактер. Според нив скулптурите треба да бидат готови до крајот на 2010 година.
Весникот наведува дека општина Центар две години ги крие точните суми што ќе се потрошат за скулптурите што предизвикаа многу контроверзи и полемики во јавноста и поради висината на средствата – пари од даночни обврзници и поради таканаречената антиквизација.
Портпаролот на Општина Центар, Лидија Неделковска, вели дека општината тендер за изработка на скулптурите распишала на некои меѓународни интернет-сајтови, притоа не именувајќи ниеден од нив.
Таа посочува дека конкурсите и тендерите за спомениците се објавени и во службеното гласило на Општината.Сепак, во службеното гласило во 2008 година воопшто не е објавен тендерот за скулптурите, туку само програмата, наведува „Дневник“./крај/д/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

