Македонија
САД – Македонија заслужува пофалба за изборите

Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата
Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата.
„САД им честитаат на луѓето во Македонија на вториот круг на претседателските и локалните избори. Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори”, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Радиото Глас на Америка, програма на македонски јазик.
Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни посочи на прелиминарната проценка на ОБСЕ/ОДИХР дека двата круга на гласањето исполниле поголем дел на заложбите и стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа.
Американската влада по повод изборите ја повтори заложбата за евроатлантска интеграција на Македонија, пренесува Макфакс.
„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, за да и помогнеме на Македонија да постигне целосна евроатлантска интеграција, колку што е можно поскоро”, рече Лејни./крај/воа/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)