Македонија
Двајца нови со симптоми на грип
Два нови случаја, со симптоми сомнителни за инфлуенца A/H1N1, се регистрирани во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести
Два нови случаја, со симптоми сомнителни за инфлуенца A/H1N1, се регистрирани во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести.
Првиот пациент на денот на хоспитализацијата бил на патување во Лондон, каде ги добива и првите симптоми на грип. По прегледот извршен од лекарската екипа на скопскиот аеродром, пациентот е донесен на Клиниката со покачена температура, кашлање, треска и општа изнемоштеност.
Вториот пациент е по потекло и живее во САД. Тој неколку дена по пристигнување во Македонија е примен на Клиниката за инфективни болести со болка во грлото, главоболка, изнемоштеност.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 7 пациенти. За двајца од нив се добиени негативни лабораториски резултати, а за двајца се уште се во тек лабораториските анализи.
Здравствената состојба на сите хоспитализирани лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега
Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност, порача премиерот Христијан Мицкоски кој не сакаше да шпекулира дали поранешниот вицепремиер се наоѓа во Косово или Албанија.
Тој потенцира дека коалицијата СДСМ и ДУИ беше заштитник не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци.
„Пораките кои што ги испраќаат во јавноста во врска со бегството на Груби, не се пораки во насока на одлучна борба против криминалот и корупцијата. Ние за ова алармиравме многу пати во минатото. Оваа коалиција која што функционираше беше навистина голем заштитник, не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци“ кажа Мицкоски.
Премиерот вели дека МВР, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје работат во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот Скопје, која што години наназад беше недопирлива за овие институции.
„Сведоци сме на една робусна акција на МВР, на Бирото за јавна безбедност и на СВР Скопје, во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот, која што години наназад беше недопирлива за овие институции. Но, она кое што го направија овие институции претставува исклучително значајно, затоа што само пред два дена се најдени околу 200 грама експлозив кои се доволни да кренат во воздух која било поголема зграда на Влада, на Парламент“ рече тој.
Најави дека ќе продолжат во битката против сузбивање на криминалните структури, но и на повикување на одговорност на политичките криминалци.
„Со оваа влада граѓаните можат да бидат безбедни. Продолжуваме во нашата одлучна битка против сузбивање на ваков тип на криминални структури, но и на повикување на одговорност на политички криминалци кои што во изминатите седум години ја пустошеа Македонија. Повикувам граѓаните да бидат, мирни, спокојни и да знаат дека оваа Влада буквално води сметка за се она кое што треба да ја гарантира нивната безбедност“, заклучи Мицкоски.
Македонија
(Видео) Милошоски: Филипче кон Груби гледал како на актер кој му овозможува на СДС и нему лично што повеќе да се задржат на власт
На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија се со цел да се задржи СДС ден повеќе на власт.
„Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски с е согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија“ истакна Милошоски и додеде:
„Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце“ потенцира Милошоски.
Милошоски посочи дека Венко Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер, туку тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт.
„Доколку не постоеше поддршката од ДУИ во време кога СДС го имаше најнискиот рејтинг во 2023 2023 година Филипче немаше да биде министер, Ковачевски немаше да биде премиер, СДС немаше да биде на власт. Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт. А нивното задржување на власт било битно за да можат да работат на одредени набавки на Онкологија, на одредени набавки во РЕК Битола на одредени царински постапки, набавки во други институции и затоа сметам дека не треба да се очекува од Венко Филипче да се огради од Артан Груби затоа што Груби му помогнал и на Филипче и на Ковачевски и на целото СДС да останат на власт во моментите кога немале легитимитет и немале капацитет да бидат на власт.
Имаме феномен на партија која што 21 година ниеден функционер од таа партија, од ДУИ не бил соочен со одговорност пред правосудните органи.
Милошоски апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.
„Беше скандалот со клиниката за Онкологија, сметам дека тие материјали кои што тогаш ги обезбедивме и се јавно достапни до обвинителството можат многу да им послужат на обвинителите доколку имаат намера да го расчистат овој случај за предистрага или истрага во случајот со Онкологија. Имаше силни индиции дека главниот и движечки фактор на Онкологија биле набавките високите тендери и една доминантна веледрогерија, а за тоа според законот морал да знае тогашниот министер за здравство Венко Филипче и директорите. Би апелирал до надлежните институции и до обвинителството да се позанимаваат со овој случај“ истакна Милошоски.
Македонија
(Видео) Пренџов: СДС и ДУИ имаат само корупциска поврзаност, Лотарија е само почеток
Во рамките на денешната трибина “Правдата доаѓа“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот на Лотарија и проневерата на 8 милиони евра, при што ја истакна поврзаноста меѓу СДС и ДУИ. Пренџов посочи дека СДС и ДУИ манипулирале со јавноста за да останат на власт, додека новата политичка генерација која дојде по 8 мај има целосно различен пристап.
„Тие манипулираат на мантадна основа со цел да бидат подолго време во власта. Разликата помеѓу порано и сега во Македонија после 8 мај, работите не се исти и дојде нова политичка генерација која не планира да прави ништо друго освен право, правда и решавање на криминал и корупција“, нагласи Пренџов.
Пренџов во своето обраќање истакна дека случајот со Лотарија е само почеток и дека во иднина ќе излезат нови детали за поврзаноста на владеачките партии со овој проект.
„Ќе има уште работи кои ќе излегуваат, ова се првичните контури на целиот тој проект, условно кажано Лотарија. Потоа ќе излегуваат кој каде изнајмувал, а тоа сите го знаеле“, изјави Пренџов.
Пренџов нагласи дека поврзаноста меѓу СДС и ДУИ не е само политичка, туку и егзистенцијална. Според него, таа поврзаност била клучна за СДС да остане на власт без широка поддршка од јавноста, додека ДУИ ја има улогата на клучен партнер кој ги поставува правилата на игра.
„Тие имаа една поврзаност, и таа е повеќе од политичка поврзаност, јас би рекол дека тоа е егзистенцијална поврзаност. СДС поддршка од јавноста немаше никаква од анкетите, да вие без народна поддршка и легитимитет и кредибилитет да имате премиер и министри, а ДУИ да бидат оние кои што ќе бидат оние кои ќе ги пишуваат правилата на игра за да бидете на власт“, истакна Пренџов.
Пренџов исто така истакна дека оваа поврзаност ќе продолжи и во иднина, но со нови предизвици, кога политичарите ќе мора да се соочат со своите постапки.
„Од сега ќе имаат и друга поврзаност, ќе ги поврзува стравот од соочување со она кое што го правеле, поврзаност на одговорност, сите овие кои до вчера беа власт во Република Македонија, тоа е добро за пример за општеството и здраво за демократијата“, додаде Пренџов.
Пренџов нагласи дека нема повеќе место за политичари кои се обидуваат да ги избегнат последиците од своите дејства и дека правдата ќе мора да се реализира преку институциите.
„Пораката сериозно се испраќа дека во Република Македонија, ‘како до сега’ времето го нема, политичари кои ќе се пазарат веќе нема и кој што правел тоа ќе го видиме сите во јавноста и ќе се процесира низ институциите на системот“, заклучи Пренџов.