Свет
Се обединија хакерите од Anonymous и LulzSec, најавуваа апокалипса

Две од најголемите и најпопуларни хакерски групи во светот Anonymous и Lulz Security, објавија дека ќе се обединат за да извршат најмасовната акција против светските влади
Како што соопштија хакерите, целта на нивната операција „Operation Anti-Security“ (Операција анти-безбедност) е кражба на сите чувствителни информации од различни влади во светот. „Ќе ја споиме секоја возможна група, мала или голема, да отвори оган врз секоја влада или агенција, којашто ќе ни се испречи на патот“, се наведува во соопштението на Lulz Security што го цитираа светските агенции.„Навистина сакаме да го видиме зборот AntiSec на секоја од владините интернет страници, нешто како пишување графити. Распространувајте го зборот AntiSec на долго и широко, зашто тој се помни. За да се случи тоа се обединуваме со Anonymous и сите други групи“, се додава во соопштението. Lulz Security стои зад неколку од најголемите хакерски напади извршени последните седмици, меѓу кои беа и нападите врз серверите на Nintendo, како и партнерската организација на американското ФБИ – InfraGard. Организацијата ја презема одговорноста и за „туркањето“ на интернет страницата на американскиот Сенат, што го сторила „само за загревање“.Според твитот на официјалниот профил на хакерската група „сега е време за анархија“. Главен приоритет на хакерите ќе биде кражбата на класифицирани владини информации и преписки. „Основна цели се банките и другите организации од тој ранг. Ако сакаат да го цензурираат нашето напредување, ние ќе ја спречиме цензурата со оружен оган“, се наведува во соопштението на Lulz Security.Група хакери кои себеси се нарекуваат Lulz Security или Lulz Boat продолжи во понеделникот минатата седмица со серијата силни „хакнувања“ а на својата интернет страница објави за успешен напад врз внатрешната мрежа на американскиот Сенат.„Здраво пријатели! Не сме и’ многу мили на американската влада. Нивните бродови се слаби, нивните шеги не се смешни, но и нивните интернет страници не се многу сигурни“„ се вели во соопштението на сајберхулиганите, по што следува долг список на датотеки наводно украдени од серверите на Горниот дом на Конгресот на САД.„Ова е мало, направено за објавување на дел од внатрешните податоци од (страницатат) Senate.gov“, предупредуваат од Lulz Sec..Експерти за компјутерска безбедност за Reuters потврдија дека хакерите навистина ја пробиле внатрешната мрежа на Сенатот, но не можеат да кажат дали објавените со јавен пристап фајлови се класифицирани како „строго доверливи“.Претставникот на парламентарните служби одговорни за безбедноста на американскиот Конгрес, рече дека неговата служба ќе го испита инцидентот.При крајот на мај, истата група хакери, незадоволни од документарниот филм за активностите на Wikileaks, прикажан од американската телекомпанија Public Broadcasting Service (PBS), ја хакираа интернет страницата и на неа поставија материјал од починатиот рапер Тупак Шакур, кој наводно се’ уште живее во Нов Зеланд.Покрај прилог за Тупак, хакерите на интернет страницата на телевизиксата компанија поставиле и украдени лозинки и други сопственички информации од PBS. Неколку дена подоцна, од Lulz Sec. соопштија за кражбаат на податоци за милион корисници на интернет сервисот PlayStation Network, во сопственост на електронски гигант Sony..На 25-ти мај беше објавено за хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson кој резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти. Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија Sony Ericsson првенствено бил насочен кој јапонскиот Sony. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само последните неколку дена од мај стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на Sony.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на Sony Ericsson eShop.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш-функцијата).Како што пишуваше Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на Sony Music Entertainment. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз Sony Ericsson и Sony Music Entertainment биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Околу 18-ти мај интернет страницата на тајландската филијала на Sony, една од страниците на ресурсот, беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така кон средината на минатиот месец, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата Sony.Серијата напади против Sony започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.