Македонија
Проширена конфискација и одговорност на правни лица

„Проширена конфискација и одговорност на правни лица“ беше темата на денешна работилница , проект на кој универзитетски професори, странски експерти, адвокати и претставници на меѓународните организации дебатираа за измената на кривичниот законик и кривичната постапка.
„Проширена конфискација и одговорност на правни лица“ беше темата на денешна работилница , проект на кој универзитетски професори, странски експерти, адвокати и претставници на меѓународните организации дебатираа за измената на кривичниот законик и кривичната постапка.
„Почнавме обука на судии и јавни обвинители во поглед на новините во кривичниот законик. Новиот кривичен законик стапи на сила на 22 март оваа година, меѓутоа уште претходно почнавме со помош на меѓународните проекти да ги спроведуваме подготовките по главните измени од кривичниот законик“, посочи судијата Анета Арнаудовска, директор на Академија за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија.
Таа укажа на фактот дека во овие обуки важно е да се користат компаративните искуства на државите каде што се направени вакви измени.
„ За таа цел во рамките на овој проект на Светската банка се користи компаративното искуство на Италија и на другите држави. За таа цел е избран италијански експерт од светска банка и исто така ќе биде наш експерт судијата од Врховниот суд на Република Хрватска Ана Караџиќ која ќе ги презентира искуствата на Хрватска во примена на новиот закон за кривична постапка“, истакна Арнаудовска.
Целта на проширената конфискација како што рече е да се олесни борбата против организираниот криминал.
Според адвокатот и директор на новоформираната Агенцијата за управување со одземен имот Ванчо Шехтански „Агенцијата управува само со оној имот во судска постапка ,а агенцијата не конфискува, туку само спроведува судска одлука. Меѓутоа судовите немаат навика да носат мерки за конфискација на имотот.
Академик Владо Камбовски појасни дека за постапката да биде фер, на обвинетиот треба да му се даде можност да покаже дека имотот сепак е од законски извори.
На денешната работилница за измените на Кривичниот законик Министерот за правда Михајло Маневски не се појави./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“ – емотивна објава на Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните мрежи се потсети на трагичната ноќ пред шест месеци, која, како што рече, на сите ни ги промени животите.
„Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и на секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат. Не требаше да биде вака, колеги мои… Засекогаш ќе ве носам во моето срце. Почивајте во мир“, напиша Тонев.
Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, меѓу нив и повеќе членови и соработници на ДНК – вокалистот Андреј Ѓорѓиевски, професорката и придружен вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.
Тонев два месеца беше на лекување во болница во Солун. Пожарот го преживеаја и фронтменот Панчо и придружниот вокал Ана Костадиновска.
Македонија
Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и фрлање ѓубре на недозволени места. Одговарајќи на новинарско прашање дали ги забележал депониите покрај Вардар кај Сиричино кога доаѓал кон Јегуновце, премиерот рече дека секој што ќе биде фатен на дело, ќе биде најстрого казнет.
„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите, со кои подметнување пожар ќе биде квалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото, ќе биде друго кривично дело, кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, рече премиерот Мицкоски.
Освен законските измени, премиерот рече дека вчера Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е местото.
„Јас ги повикувам и несовесните граѓани што ги формираат овие диви депонии да не го прават тоа затоа што сите оние што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, повика премиерот Мицкоски.
Денешната снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија премиерот Мицкоски рече дека е само уште еден доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите. И денес тој не сакаше прецизно да каже кои се тие центри на моќ, но повтори дека одговорот на прашањето кому му одговара ваква состојба го дава и одговорот на прашањето кој ги нарачува.
Македонија
Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје.
Според него, Министерството за внатрешни работи веќе собрало дојави и информации за нивните активности, а во координација со Министерството за животна средина ќе следуваат конкретни акции.
„Идентификувани се дваесетина лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад целиот овој процес“, изјави Мицкоски додавајќи дека институциите интензивно работат на расчистување на случаите.
Тој посочи и дека веќе постои снимка, која јасно покажува како бил подметнат пожарот во еден објект во Скопје рано утрото во 4.30 часот.
„Видовте колку дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека постојат центри на моќ што сакаат да внесат страв и паника пред изборите“, рече премиерот.
Според него, заседавањето на врвот на структурите на МВР е во тек, а институциите се решени да ги спречат обидите за создавање нестабилност. „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат. Ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крајот – повторно ќе победиме“, порача Мицкоски.