Македонија
Министерот за образование на средба со новинарите
Министерот за образование Перо Стојановски и заменичката министер денес остварија средба со новинарите, отворена за нивни прашања
Министерството за образование спроведе практика како во Парламентот на Република Македонија кога има ден посветен на пратенички прашања, па така и министерот Перо Стојановски, ги повика новинарите на прес конференција на која соопшти дека средбата е со повод новинарите да поставуваат прашања кои ги интересираат за работата во министерството и состојбите во образованието. За жал, поголемиот дел од новинарите, односно оние кои први стигнаа да постават прашања, се задржаа на теми кои можеби не се толку индеферентни, колку што се далеку од вистинските прашања за состојбите во образованието, кога имавме константен протест на средношколците, протест на студентите (за периферни теми, не како во Хрватска за начинот на студирање), така што и покрај добрата намера на министерот, останаа многу отворени прашања. Темите воглавно се движеа оклу статусот на вработените во школството, нешто малку околу финансирањето на универзитетите, а остана голем дел на неодговерени (и непоставени) прашања за проблемите со образованието на младите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

