Регион
Триесетина загинати во судир на турските сили со курдските бунтовници

Во напад на тешко вооружени курдски бунтовници врз воен комплекс во југозападна Турција загинаа девет турски војници и полицајци, а убиени се и дваесетина припадници на забранетата Курдска работничка партија (PKK), локалните медиуми.
Како што изјави за AFP гувернерот на провинцијата Сирнак, Вахдетин Озкан, во нападот на курдските бунтовници се убиени девет припадници на турските безбедносни сили и ранети се уште други осум. Подоцна агенцијата Anadolu објави дека починал уште еден од ранетите турски војници.
Провинцијата Сирнак се наоѓа во југоисточниот дел од Турција, а нападот на PKK врз пунктот на турските безбедносни сили кај местото Бејтсебап бил изведен во близината на границата со Сирија и Ирак.
Во соопштението на турската армија се наведува дека нападот бил изведен вечерта во недела по 22 часот по локално време. Исто така, се соопштува дека во тек е потера по напаѓачите и дека судирот сé уште трае во понеделникот претпладне.
Судирите меѓу турските вооружени сили и припадниците на Курдска работничка партија се интензивираа последните месеци, што според некои турски официјални извори и аналитичари се доведува во поврзаност со хаосот предизвикан од 18-месечниот конфликт во соседна Сирија.
Пред две седмици бунтовниците во бомбашки напад убија пет турски војници за потоа во противнападот турската армија да ликвидира 21 курдски бунтовник користејќи се хеликоптери.
Инаку, вообичаено судирите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници се засилуваат во пролетниот период кога се топат снеговите во планинските предели на турско-ирачката граница каде што се наоѓаат базите на PKK.
Во Турција, САД и Европската унија, ПКК е на листата на терористички организации.
Минатото лето PKK ги засили своите напади врз турските безбедносни сили, на што Анкара возвраќа
PKK која голем број на држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но во октомври истата година се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите.
Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-та, загинале повеќе од 45 илјади луѓе. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.