Македонија
Отворени Полициските станици во Матејче и во Арачиново
Новоизградените полициски станици во скопското село Арачиново и во липковското Матејче денеска свечено беа пуштени во употреба.
Новоизградените полициски станици во скопското село Арачиново и во липковското Матејче денеска свечено беа пуштени во употреба. Очекувам коректен однос на релација полиција граѓани и за таа цел ја отвораме полициската станица во Матејче, истакна министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски Џанго, на свеченото пуштање во работа на ПС Матејче. Оваа ПС до темел беше разрушена во 2001 година за време на воените дејствија. Во март минатата година со донација од владите на Холандија, Швајцарија и Унгарија беа удрени темелите на новата станица, која денеска изградена во нова модерна станица во европски стил. Со донација на овие три влади и на МВР беше изградена и полициската станица во Арачиново. Според градоначалникот на општина Липково Хусамедин Халили полициската станица во Матејче претставува сигурност за граѓаните кои живеат во овој регион. “Треба уште многу да се работи во општина Липково но целта е постигната – враќање на довербата помеѓу граѓаните“, рече Халили. Раселените лица од липковскиот регион, кои 4 години живеат во колективните центри во Куманово не присуствуваа на оваа свеченост и остануваат на ставот дека ПС во Матејче е само објект кој ништо не им ветува./крај/су/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

