Македонија
Попоски: Дипломатијата активна на политички и на економски план
Дипломатијата да пристапи кон динамично планирање за промоција на Македонија на меѓународен план, е една од насоките што шефот на дипломатијата Никола Попоски ја дал на денешниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во светот.
Дипломатијата да пристапи кон динамично планирање за промоција на Македонија на меѓународен план, е една од насоките што шефот на дипломатијата Никола Попоски ја дал на денешниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во светот.
Вели дека 2012 ќе биде интензивна година на тој план. Посочи дека останува определбата на дипломатијата за промоција на земјата и на економски план.
„Македонија е релативно мала земја, која располага со ограничени ресурси. Од тој аспект сметам дека мораме да ги максимизираме можностите за активност на нашата дипломатска мрежа, како во политичкиот, така и во економскиот дел. Економскиот дел е определба која во подолг период привлекува голем дел од нашата енергија и логично е да се очекува од нашата дипломатска мрежа да биде активна во овој дел. Сметам дека така ќе продолжиме и дека со тоа ќе постигнеме резултати и синергија помеѓу можностите за привлекување инвестиции, можностите за зголемување на извозот и промоцијата на Република Македонија како интересна дестинација. Од аспект на буџетите со кои се располага, секако дека имаме ограничени ресурси и се обидуваме тие ресурси со кои располагаме да ги употребиме на најефикасен начин“, изјави Попоски.
Посочи дека очекувањето на земјата е ваквите активности да бидат ефектуирани со отворање на пристапните преговори со Европската Унија и членство во НАТО. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

