Македонија
Египетски државјанин приведен при шверц на лекови
Во четвртокот наутро на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е спречен обид за криумчарење поголема количина лекови за човечка употреба.
Во четвртокот наутро на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е спречен обид за криумчарење поголема количина лекови за човечка употреба.Во раните утрински часови, со летот од Љубљана за влез во државата се пријавил египетски државјанин, кој веднаш се упатил кон ткн „зелен канал“ каде што минуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Меѓутоа, царинските службеници се посомневале и при контролата на неговиот личен багаж, откриле поголема количество непријавени медицински препарати и лекови, околу 3.500 таблети, четири креми, стотина шишенца со течност „Витаспринт и два сета козметика.Непријавената стока е привремено задржана, а против прекршителот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

