Свет
Корумпираното судство треба да ни го обели образот
Јавното обвинителство по првиот круг покренало вкупно 31 обвинение против лицата за кои се верува дека учествувале во нарушување на избрниот процес.
ЕВРОПА ДАВА ПОПРАВЕН ИСПИТ ЗА НЕРЕГУЛАРНОСТИТЕ НА ИЗБОРИТЕ
Јавното обвинителство по првиот круг покренало вкупно 31 обвинение против лицата за кои се верува дека учествувале во нарушување на избрниот процес. Шест од нив веќе се ноаѓаат во притивор, но дипломатите ин
Нулта толеранција за изборните нерегуларности регистрирани на двата круга од локалните избори. Европа овој пат нема да ни прости за овие пропусти, тврдат дипломатски извори.
Оваа порака од највисоките европски претставници во Македонија е пренесена до сите политички фактори кои треба да ја слушнат, премиерот Владо Бучковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Евродипломатите се огорчени што кај нас низ изборните циклуси со години ни се повторуваат истите неправилности, полнење гласачки кутии, гласање за цело семејство или за цело село, вооружени инциденти на гласачките места…, а за нив досега нникој не одговара. Единствено почисти избори беа во 1998 година, а сите други беа проследени со нерегуларности. Во 2000 година на локалните избори имаше и едно убиство во скопското село Кондово.
ЕУ како поправен испит за изборните нерегуларности ни дава само уште една шанса, ако сакаме да се движиме напред во евроатланските интеграциии. Сите актери кои ги спречуваа граѓаните слободно да ја изразат нивната волја на локалните избори, мора да бидат санкционирани со судска завршница. Таквиот тека на работите ќе покаже дека системот во Македонија функцинира. Само така, велат европските дипломати, македонската влада може да ги убеди дека е сериозна во намерите за членство во НАТО и ЕУ.
Тие стравуваат дека поради високиот степен на корупција во судството и големото партиско влијание врз него, може сите покренати случаи да ја имаат судбината на оние од претходните изборни циклуси и да завршат во судските фиоки или процедурални лавиринти.
Премиерот Владо Бучковски на средбата со НАТО амбасадорите презеде дел од одговорноста за нерегуларностите, но побара одговорно да се однесуваат и другите актери на изборите, пред се политичките партии. Странците се посебно лути на Али Ахмети, кого го сметаат за одговорен за неправилностите забележани во Западиот и сверозрадниот дел од земјата, каде претежно живее албанското население. Сметаат дека е лицемерен нивниот обид вината за нерегуларностите да ја префрлат врз граѓаните, за кои портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети изјави дека им треба “поголема политичка едункација”.
Посебно остар во критиките бил специјалниот претставник на ЕУ во Македонија амбасадорот Мајкл Салин. Опомена за Ахмети доаѓа и од американскиот стејт департмент, кој со дипломатски речник, во оценката за изборите, ги опоменува партиите кои што имаат влијание во регионите каде што се регистрирани неправилностите, да се агнажираат во нивно надминување.
На острите критики од Европа премиерот одговори со ветувања дека ќе се преземат мерки прво да се санкционираат прекршителите на изборниот процес, а потоа и измени на недостатоците на изборната регулатива, кои се покажале како сериозен извор на неправилности.
Бучковски ги уверуваше амбасадорите дека владата се залага за проноаѓање и казнување на лицата вмешани во нерегуларностите. Јавното обвинителство по првиот круг покренало вкупно 31 обвинение против лицата за кои се верува дека учествувале во нарушување на избрниот процес. Шест од нив веќе се ноаѓаат во притивор, а по другите се трага.
Министерството за внатрешни работи има поднесено кривични пријави потив 25 лица за кривични дела “спречување на избори и на гласање”, сторени на одделни бирачки места во Скопје, Кичево и Прилеп на 13 март 2005 година. Во врска со гласањата на 27 март се поднесени кривични пријави против 11 лица за истите кривични дела: против четворица во Прилеп, петмина во селото Ангелци, струмичко и против две лица од селото отља, општина Липково.
Но, дипломатски извори тврдат дека за нив побитно е поднесените обвиненија да се крунисаат со судска разрешница. “Тоа е одговорот што сакаме да го слушаме”, велат тие.
Портпаролот на владата Сашо Чолаковски вчера изјави дека сите поднесени кривични пријави од полицијата се процесуирани од јавното обвинителство. “Премиерот Бучковски и државниот јавен обвинител Прчевски се во постојана комуникација. Премиерот инсистира овие случаеви да имаат брза судска разрешница”, тврди Чолаковски.
Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

