Македонија
Триесет дневен притвор за Љубе Бошкоски
Истражниот судија доцна вечерва му одреди 30-дневен притвор на лидерот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски. Со силно полициско обезбедување тој беше пренесен од судот во истражниот затвор во Шутка.
Истражниот судија доцна вечерва му одреди 30-дневен притвор на лидерот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски. Со силно полициско обезбедување тој беше пренесен од судот во истражниот затвор во Шутка. Според неговиот адвокат, Љубомир Михајловски-Џанго поднесено е барање за две кривични дела, едното е за нелегално финансирање на кампањата, а другото е за злоупотреба на службената положба.„Како доказ истрагата ќе се насочи на начинот на финансирање на кампањата. Она што се слушна дека е пронајдено оружје тоа не е точно, ниту во возилото, ниту во куќата на Бошкоски не е пронајдено нелегално оружје. Наредниве денови ќе продолжи истрагата и ќе видиме со кои докази ќе настапи Јавното обвинителство. Вечерва е рано да се зборува“, рече Михајловски.Адвокатот на Бошкоски ќе поднесе жалба за притворот, но вели дека со неа само ќе се забави постапката, сепак вели дека жалбата ќе ја поднесе само формално. Тие ќе почекаат точките од одредувањето на мерката притвор полека да отпаѓаат за да побараат замена за домашен притвор или Бошкоски да се брани од слобода. Лидерот на ОМ Љубе Бошкоски, попладнево беше уапсен пред ресторанот „Воденица“, поради сомнение за незаконско финасирање на кампања и злоупотреба на службената должност, со оглед на тоа дека е лидер на политичката партија ОМ. Кај него беа пронајдени 100.000 евра. крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

