Економија
Пад на еврото по предупредувањето на Фич
Еврото во средата се лизна близу до најниското ниво во однос на доларот во последните 16 месеци, откако рејтинг агенцијата Fich предупреди дека Европската централна банка (ECB) треба повеќе да се ангажира во справувањето со должничката криза во еврозоната.
Еврото во средата се лизна близу до најниското ниво во однос на доларот во последните 16 месеци, откако рејтинг агенцијата Fich предупреди дека Европската централна банка (ECB) треба повеќе да се ангажира во справувањето со должничката криза во еврозоната.Еврото ослаби во однос на американскиот долар за 0,6 отсто на 1,2705 долари,. Во однос на јапонскиот јен, единствената европска валута ослаби за 0,3 отсто на 97,88 јени. Доларот, пак, благо зајакна во однос на јенот, за 0.1 отсто, па со него се тргуваше за 76,94 јени.Инвеститорите на валутните пазари во средата беа претпазливи пред состанокот на челниците на Европската централна банка кој треба да се одржи подоцна оваа седмица, на кој ќе се одлучува за клучните каматни стапки и пред одржувањето на аукцијата на италијанските и на шпанските државни обврзници, исто така, во вториот дел од седмицава. Во таквата атмосфера пораката од агенцијата Fitch беше доволна да се внесе несигурност меѓу вложувачите. Висок функционер од споменатата рејтинг агенција претходно во средата за Reuters изјави дека ECB треба да ги зголеми купувањата на државните обврзници на проблематичните земји од еврозоната, за да се поддржи Италија и за да се спречи катаклизмичниот распад на еврозоната.„Нé очекуваат многу случувања за кои пазарите се подготвуваат а пораката од Fitch не помогна. Еврото очигледно е ранливо и во блиска иднина може да се спушти на 1,26 долари“, коментираше за Reuters Џенифер Хау од „Lloyds“.Продолженото лизгање на еврото надолу го стопираше изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека Германија би била подготвена да уплати поголема сума во европскиот кризен фонд ESM за да им испрати адекватна порака на пазарите.Инвеститорите сега своето внимание го концентрираат на аукциите на државните обврзници на Шпанија која планира во четврток да продаде во вредност од пет милијарди евра должнички хартии со рок на доспевање во 2015 и 2016 година, и тоа само неколку часа пред одлуката на Европската централна банка за висината на клучните каматни стапки во еврозоната. Италија, пак, во петок ќе понуди 4,75 милијарди евра во државни обврзници со рок на доспевање од пет години.Иако приносите на италијанските државни обврзници паднаа под критичното ниво од 7 отсто, аналитичарите сметаат дека еврото ќе биде чувствително на стравувањата од заострувањето ан должничката криза во следните неколку седмици. Што се однесува до Европската централна банка, се очекува дека нејзините челници ќе донесат одлука за задржување на каматните стапки од еден отсто и ќе побараат од владите да ги засилат настојувањата за надминување на должничката криза во еврозоната./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

