Македонија
Словачка го поддржува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ
Словачка ги поддржува амбициите на Македонија за што побрз влез во Европската унија и во НАТО
Словачкиот премиер Роберто Фицо денеска во Братислава на средбата со претседателот на македонската влада Никола Груевски ги поддржа амбициите на Македонија што поскоро да влезе во Европската унија и во НАТО.„Веруваме дека претстојниот извештај на Европската комисија ќе биде максимално позитивен во однос на амбициите на Македонија“, изјави Фицо по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.„Од извештајот очекувам објективен коментар за нашите амбиции за евроинтеграција“, рече Груевски, изразувајќи надеж дека во односите со Грција ќе настапи подобра атмосфера, јавија словачките гласила.Словачкиот премиер апелираше максимално трпеливо и со разбирање да се бара решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција, кој привремено ја затвори вратата на НАТО за Скопје.„Треба да се има предвид дека тоа прашање е исклучително чувствително за Македонија и затоа треба да има многу трпение и разбирање за двете страни“, рече Фицо.Во текот на денешната посета на македонскиот премиер на Братислава потпишани се договор за избегнување на двојното оданочување, како и договор за соработка меѓу полициите на двете земји во борбата против криминалот.Средбата меѓу премиерот на Македонија и на Словачка, како и учеството на денешниот словачко-македонски бизнис форум, би требало да ја поттикне економската соработка.Трговската размена е во пораст, а нејзиниот обем, кој во 2005 година изнесуваше 18,63 милиони евра, лани достигна 37,3 милиони евра, со суфицит на словачката страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

