Македонија
Убиена девојка во Охрид
Во Охрид утрово помеѓу 3 и 4 часот се случило убиство на улицата Лазо Трпковски, јавува Супер радио Охрид. Според првичните неофицијални информации убиена е А.Т. на возраст од 24 години
Се работи за 24-годишната Анита Танеска од Охрид, а осомничен за убиството е 33-годишниот сопруг Зоран Танески од охридското село Оровник. Убиството се случило пред куќата на нејзините родители на улицата „Лазо Трповки“ и било извршено со повеќе убоди од нож, по што оосомничениот веднаш побегнал од местото на настанот. Се претпоставува дека причината за убиството се нерасчистени семејни односи, а Танескине е достапен за полицијата која го пронашла енговото возило во билизината на Оровник. . Т.З. кој е по потекло од охридското село Оровник во моментов е недостапен за полицијата.Сега починатата Танеска била во брак со осомничениот помалку од две години, со кого имала деветмесечно дете. Неофицијално, двојката имала брачни несогласувања, поради кои Танеска се вратила кај нејзините родители. Осомничениот утрово ја пречекал Танеска која се враќала од семејна веселба и ја усмртил со повеќе убоди од нож во пределот на главата, градите и стомакот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

