Македонија
ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ донесе во Скопје стечајци
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека и денеска во Скопје донесе т.к стечајци, а кои во најголемиот дел се всушност членови на Социјалдемократскиот сојуз
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека и денеска во Скопје донесе т.к стечајци, а кои во најголемиот дел се всушност членови на Социјалдемократскиот сојуз.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова СДСМ докажа дека не се откажува од реализација на сценариото за политичка дестабилизација, а продолжетокот на ова сценарио е обид за блокирање на градот Скопје.
Преку реализацијата на ова сценарио СДСМ сака да се амнестира за сите грешки направени во време на нивното владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ за жал наместо да нуди решенија и предлози, реши да продолжи со деструктивност и неконструктивност./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.
Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.
„Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар“, велат од МЗШВ.
Македонија
185 санкционирани возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи, извести МВР.
„Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата
Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата.
„Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е во целосен колапс и истиот не може да обезбеди врвна здравствена заштита на граѓаните.
Состојбата е слична во многу други институции, а перфидните најави и закани за дестабилизација на државата на етничка основа само ја изоструваат потребата од брзо формирање Влада, која треба да профункционира со полн капацитет.
Добро е во Парламентот да има координации, усогласувања и компромиси, но врвен државен интерес е реорганизација на министерствата и избор на нова Влада. Сѐ друго е политизација и манипулација, на штета на интересите на граѓаните“, велат од Демократскиот сојуз.