Свет
Убиството на трите курдски активисти во Париз е „политички мотивирано“
Трите жени убиени во Курдскиот институт во Париз биле курдски активистки, а најверојатно мотивот за нивната ликвидација е политички, соопшти во четвртокот полицијата, но и други извори, а стотици Курди во северен Париз бараат истрага за убиството.
Телата на жртвите беа пронајдени во два часот по полноќ кон четвртокот во Информативниот центар на Курдистан, за кој се тврди дека е близок на во Турција забранетата сепаратистичка Работничка партија на Курдистан (PKK), партијата којашто веќе 25 години води бунт против турските власти за автономија на деловите на земјата населени со Кудри во кој загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.
Телата на трите курдски жени се пронајдени мртви ноќта кон четвртокот, сите убиени со истрели во глава, во просториите на Курдскиот институт во француската престолнина Париз, јавува AFP повикувајќи се на полициски извори.
„Призорот на местото на несреќата наведува на заклучокот дека станува збор за ликвидација, меѓутоа истрагата ќе ги расветли точните околности на трагедијата“, додал изворот на агенцијата неневедувајќи други поединост
Новинската агенција Firat, исто така блиска на PKK, пишува дека една од жртвите била претседателка на политичката групација Курдски национален конгрес во Париз.
Како што претходно јави панарапската сателитска телевизија Al Jazeera, една од жртвите е 32-годишната Фидан доган која работела во Институтот. Според France 24, жртви се уште Сакин Канчиз, членка на PKK, и младата курдска активистка Лејла Сојлемез.
Според Бериван Акјол вработен во курдскиот центар во француската престолнина, нема сомнение дека станува збор за политички мотивирана ликвидација.
Агенција Reuters потсетува дека турската влада неодамна јавно призна дека преговара со затворениот лидер на PKK, Абдула Оџалан, со кого според написите во турските медиуми договорила рамка за мировниот план.
Турските медиуми, исто така, нагласуваат дека убиените жени биле поврзани со PKK, којашто Турција, САД и Европската унија ја вброија на листата терористички организации.
Американската телевизиска мрежа CNN ја цитира изјавата на Уго Поп, аналитичар за Турција во Меѓународната кризна група (ICG), кој смета дека ова трикратно убиство треба да се гледа од аспект на преговорите меѓу турската влада, Оџалан и другите курдски челници кои траат од ноември 2012 година.
„Никој ова не би требало да го употребува како изговор за прекинување на преговорите. Станува збор за единствена можност, оваа е година без избори. Кој и да го стори тоа, многу е важно преговарачите да преземат чекори за да ги убедат едни другите дека се за продолжување на преговорите“, изјави Поп за CNN.
Во разговор за француската телевизија France 24, адвокатот на една од жртвите, Армел Тавердин изјави дека убиствата ги извршиле „силите коишто се спротиставуваат на изнаоѓање политичко решение за Курдистан, силите кои бараат провокација“.
Реагираше и портпаролот на владејачката турска Партијата на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој за дневен лист Hurriyet изјави дек станува збор за „внатрешна работа какви веќе гледавме“. „Има такви кои посакуваат овој процес да го исфрлат колосекот, мораме да бидеме многу претпазливи“, изјави портпаролот Хусејн Челик.
Многу членови на курдската заедница живеат во близина на курдскиот Информативен центар, во близина на железничката станица Гар ду Норд, главната железничка станица северно во реката Сена, во Десеттиот париски арондисман.
Според париската полиција, стотици демонстранти се собрале пред зградата на Центарот барајќи брза истрага за убиството на трите жени кои биел сами во објектот кој не бил обезбедуван со безбедносни камери. Демонстрантите носеле фотографии на Оџалан и извикувал пароли „Сите сме PKK, сите сме Оџалан“, пренесува France 24./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

