Македонија
Вокер: Влез во НАТО под ПЈРМ е невозможно во моментов
Влез на Македонија во НАТО под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ е невозможно, смета Курт Вокер, поранешен американски амбасадор во алијансата.
Влез на Македонија во НАТО под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ е невозможно, смета Курт Вокер, поранешен американски амбасадор во алијансата. Вокер, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик вели дека изнаоѓањето решение на проблемот со името најмногу зависи од Македонија и од Грција. Смета дека самитот на НАТО и самитот НАТО-ЕУ се добра можност за тоа. Но, ја исклучува можноста за влез под привремената референца. „Мислам дека е невозможно во овој момент. Знам дека тоа беше договорот од 1995-та, и дека по таа основа Македонија се приклучи на други организации, но фактите сега се променија. Грција јасно стави до знаење дека нема да го поддржи македонското членство под името ФИРОМ. Преговорите со посредникот на ОН Нимиц продолжија понатаму и мислам дека сега е време да се најде решение што потоа ќе и овозможи на Македонија да се приклучи под постојан статус“, вели Вокер. Тој ја отфрла можноста за дополнителен напор од страна на САД во однос на спорот со името. „Не би вложувал во тоа. Во крајна линија, нема магична формула што доаѓа однадвор. Се работи за тоа – што може да се договорат Македонија и Грција? Тоа е важно. Сите идеи се веќе разглобени. Сега е време за лидерство и политичка волја, во корист на луѓето на земјата, и ќе најдете голема поддршка однадвор за такво нешто“, вели Вокер. Сепак Вокер верува дека решение за влез во НАТО е можно пред Самитот во Лисабон. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

