Свет
Во борбата со корупцијата засега страда само буџетот
Државните органи за борба против корупцијата само за последните две години ќе потрошат повеќе од 40 милиони евра, а меѓународните организации во сите извештаи тврдат дека корупцијата и понатаму е најголемиот проблем на Македонија.
Емил Зафировски
Државните органи за борба против корупцијата само за последните две години ќе потрошат повеќе од 40 милиони евра, а меѓународните организации во сите извештаи тврдат дека корупцијата и понатаму е најголемиот проблем на Македонија.
Државната комисија за борба против корупција оваа година има 197.073 евра од буџетот, а во 2006 ќе располага со 215.008 евра. Финансиската полиција во 2005 година располага со 120.179 евра, а следната година ќе има 117.089 евра буџетски пари. Антимонополската комисија за 2005 година има 69.235 евра, а во 2006 година ќе располага со 178.862 евра.
На овие трошоци треба да се додаде и дел од парите издвоени за други државни органи, исто така вклучени во борбата со корупцијата. Управата за јавни приходи за 2005 има буџет од 10.884.552 евра, а за 2006 – 11.636.991 евро. Јавното обвинителство во 2005 ќе потроши 3.343.723 евра, а следната година 3.738.374 евра. Државниот завод за ревизија годинава има буџет од 1.371.105 евра, а за 2006 година му се одобрени 1.461.983 евра. Народниот правобранител за 2005 година ќе потроши 711.544 евра, а за 2006 ќе располага со 748.097 евра.
Од ова се гледа дека државата одвојува големи пари од буџетот за спречување на корупцијата, но засега не постигнува речиси никакви резултати. Европската комисија во последниот извештај нагласува дека главни причини за корупцијата се честите тајни постапки за разни спорови на фирми и граѓани со државната администрација, недостиг од транспарентност, сложен и нетранспарентен систем за дозволи и лиценци за разни активности, дискрециски права на владини функционери, недефинирани правила за спречување судир на интереси, нејасно управување на државните средства и јавните набавки.
И покрај тоа што Македонија ги потпиша сите европски конвенции за борба против корупција, општ заклучок на Европската комисија е дека корупцијата е еден од најголемите проблеми на земјата за успешен развој и транзиција.
Власта досега донесе многу антикорупциски мерки, но неефикасноста во борбата против корупцијата остава впечаток дека тоа е направено само декларативно, без политичка волја за вистински резултати.
Донесен е закон за спречување корупција. Формирана е антикорупциска комисија. Изгласана е национална програма за спречување корупција. Донесени се мерките за спречување на корупцијата на локално ниво. Функционерите законски се задолжени да пријавуваат состојба на имот.Во МВР е формирана единица за професионални стандарди и спречување корупција во самата полиција. Воведени се сите европски стандарди, но резултати нема.
Слаѓана Тасева, членка на државната комисија за спречување корупција, ова го објаснува со отсуството на политичка волја кај носителите на власта.
– Како да има резултати кога нема никаков систем за крајно решавање на коруптивните случаи. Таков систем нема од единствена причина што нема политичка волја. Политичка волја нема поради интерес на владејачките гарнитури да ја задржат власта. Единствено народот нема никаков избор. Институциите се зависни од власта затоа што во нив работат луѓе без интегритет, а интегритет немаат затоа што работно место им зависи од нечија политичка волја. Тоа се вика корупција на работното место. И штом немаат никаков интегритет вработените, немаат ниту институциите каде што тие работат. Оттука, интегритет губи и државата – вели Тасева.
Според неа, поради ваквата состојба губи смисла и постоењето на антикорупциските тела.
– Има еден куп такви органи. Човек здив да загуби ако почне да ги набројува. Но, бадијала работат. Бадијала пишуваат извештаи и ги доставуваат до надлежните извршни органи кога според нив понатаму не се постапува. Постојат само фигуративно, колку да и се покаже на меѓународната заедница дека еве, и ние ги вградуваме и ги исполнуваме европските стандарди. Што дека Државниот завод за ревизија постојано објавува извештаи, кога никој не ги зема предвид неговите наоди? Ако сакаме успех на ова поле, потребна е целосна деполитизација. Политичарите да престанат да се мешаат и да дозволат да функционира систем на критериуми и на квалитет. Но, тоа не им одговара затоа што нивната цел е што подолго да останат на власт – вели Тасева.
Во извештаите на меѓународните организации речиси секогаш се нагласени професионалноста и транспарентноста на Државниот завод за ревизија.
Во ДЗР велат дека се немоќни да преземат што било друго освен редовно да ги известуваат надлежните органи за злоупотребите што ги откриваат во државните институции.
– Ние постојано откриваме и презентираме наоди за сторени измами или злоупотреби во државни институции. Но, ние немаме извршна надлежност да преземеме мерки против таквите случаи. За тоа се надлежни Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Ние редовно ги известуваме за сите податоци што ќе ги откриеме. Извештаите веднаш јавно ги објавуваме на нашиот веб-сајт, а истовремено ги испраќаме до Владата, Собранието, Министерство за финансии и до другите институции надлежни да преземат мерки против таквите злоупотреби – вели Мијалче Дургутов, портпарол на ДЗР.
Во МВР, пак, велат дека поведуваат постапки за секој наод на Државниот завод за ревизија, но им требало време за да ги сработат.
– ДЗР редовно не известува за сите неправилности што ќе ги пронајде во работата на државните органи и институции. МВР постапува по сите такви извештаи. Не можам статистички да кажам колку такви постапки водиме. Сепак станува збор за посложена проблематика, која не може да се реши за месец до два, туку треба многу повеќе време за да се подготви кривичната пријава. Честопати се случува криминалот да е очигледен, но да имаме големи тешкотии во обезбедувањето докази – вели Горан Павловски, портпарол на МВР.
ПРЕПОРАКИ НА ГРЕКО ЗА БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА
Групата земји за борба со корупцијата во составот на Советот на Европа (ГРЕКО) во последниот извештај заклучи дека корупцијата во „поранешната југословенска Република Македонија“ и понатаму е сериозен проблем.
ГРЕКО и препорача на Македонија да подготви нова законска регулатива за конфискација и заплена на имотите стекнати со криминал, да воведе антикорупциски мерки во однос на локалните власти, да ја зголеми јавната свест за народниот правобранител како потенцијален механизам против корупцијата во јавната администрација, да воведе правила на однесување за сите јавни службеници и што е можно најитно да донесе закон за пристап до информации.
ТРАНСПАРЕНТНОСТА ГОЛЕМ АДУТ ВО БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА
Државната комисија за спречување на корупцијата и УНДП (Програмата за развој на Обединетите нации) вчера потпишаа нов проект насловен како „Борба против корупцијата за подобро владеење“.
Главна цел на проектот е промовирање на транспарентноста како мерка против корупцијата и најзначаен столб на локалната демократска власт. УНДП соопшти дека норвешката влада борбата со корупцијата ќе ја помогне со 415.000 евра. Ќе биде спроведена обука за транспарентно управување на локално ниво, а ќе се мери и нивото на корупција кај локалните власти
Од УНДП нагласуваат дека усвојувањето на меѓународните практики во борба со корупцијата претставува долгорочна стратегија за политичка доверба и привлекување инвестиции во земјата, како и услов Македонија да ги исполни барањата за влегување во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германскиот претседател жестоко го нападна Трамп: „Тој го претвора светот во дувло на разбојници“
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.
Во невообичаено остра изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната демократија никогаш не била позагрозена.
Нарекувајќи ја анексијата на Крим од страна на Русија и инвазијата на Украина пресвртница, Штајнмаер рече дека однесувањето на САД претставува уште еден историски „распад“ во глобалниот поредок.
„Потоа, тука е колапсот на вредностите на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок“, рече Штајнмаер во говорот на симпозиум што се одржа синоќа.ж
„Треба да спречиме светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што најнескрупулозните земаат што сакаат, каде што регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили“, рече тој.
фото/ЕПА
Европа
(Видео) Француските земјоделци го блокираат Париз со трактори
Француските земјоделци блокираа локации во Париз во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија треба да го потпише со јужноамериканските земји и поради други локални прашања.
Земјоделците од синдикатот „Coordination Rurale“ ги нарекоа протестите во Париз лути поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој стравуваат дека би можел да ја преплави земјата со евтин увоз на храна, како и поради начинот на кој владата се справува со болеста на добитокот.
„Се наоѓаме помеѓу негодување и очај. Се чувствуваме напуштени, како и со Меркосур“, изјави за Ројтерс Стефан Пелетие, заменик-претседател на синдикатот во централна Франција.
🚨 EN DIRECT – De nouveaux agriculteurs arrivent au niveau de l’Arc de Triomphe. pic.twitter.com/SHu89ZzD8n
— Frontières (@Frontieresmedia) January 8, 2026
Протестот доаѓа неколку дена откако Европската комисија предложи да им се стават на располагање на земјоделците 45 милијарди евра од фондовите на ЕУ и се согласи да ги намали увозните давачки за некои ѓубрива во обид да ги придобие земјите кои се двоумат во нивната поддршка за Меркосур.
CRISE AGRICOLE : Des tracteurs de la Coordination rurale sont entrés dans Paris malgré les blocages de la police. Une quinzaine de tracteurs se trouvent devant la tour Eiffel, d'autres ont encerclé l'Arc de Triomphe. La porte d'Auteuil a été bloquée par des agriculteurs et l'A13… pic.twitter.com/LHT3iXt7Mr
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 8, 2026
Договорот е поддржан од земји како Германија и Шпанија, а Комисијата се чини дека ја добила поддршката од Италија, што значи дека ќе ги има потребните гласови за да го одобри трговскиот договор со или без француска поддршка.
Свет
(Вознемирувачко видео) Имиграциски полицаец уби 37-годишна жена во Минеаполис, градоначалникот: Губете се од тука
Американски агент за имиграција застрелал и убил 37-годишна жена во Минеаполис, предизвикувајќи жестока дебата откако локалните власти го отфрлија тврдењето на администрацијата на Трамп дека станува збор за самоодбрана. Додека Министерството за внатрешна безбедност вели дека Рене Никол Гуд била „насилна бунтовничка“ која се обидела да ги прегази агентите, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, рече дека станува збор за „неодговорна употреба на сила“, објавува Би-Би-Си.
Инцидентот се случил околу 10:25 часот по локално време во среда, а снимките објавени од минувачи покажуваат напната ситуација. На нив се гледа темноцрвен теренец како ја блокира улицата, а во близина има демонстранти и возила за спроведување на законот.
Агентите се приближуваат до возилото, а еден од нив се обидува да ја отвори вратата на возачот. Друг агент стои пред возилото, кое се обидува да тргне. Потоа агентот испукува три истрели. Возилото ја губи контролата и се судира со паркиран автомобил. Од достапните снимки не е јасно дали агентот всушност бил удрен од возилото.
Today, ICE officers in Minneapolis were conducting targeted operations when rioters began blocking ICE officers and one of these violent rioters weaponized her vehicle, attempting to run over our law enforcement officers in an attempt to kill them—an act of domestic terrorism.…
— Homeland Security (@DHSgov) January 7, 2026
Извештаите за тоа што довело до пукањето варираат во голема мера. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека жената „ги следела и вознемирувала“ полицајците во текот на целиот ден и се обидела да „го претвори своето возило во оружје“ во чин на „домашен тероризам“.
Таа рече дека агентот испукал „одбранбени истрели“ и самиот бил повреден, но бил пуштен од болница по лекувањето. Додаде дека истиот агент претходно бил удрен од автомобил додека бил на должност во јуни.
Од друга страна, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, остро го осуди дејствието. „Ова беше агент кој небрежно ја искористи својата моќ, што резултираше со смрт на едно лице“, рече тој, проколнувајќи и наредувајќи им на агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) да го напуштат градот.
Minneapolis Mayor Jacob Frey to ICE: “Get the fuck out of Minneapolis.” pic.twitter.com/oGBcsub7ZZ
— Kaitlan Collins (@kaitlancollins) January 7, 2026
Претседателот Доналд Трамп напиша на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“ дека еден имиграциски полицаец бил „брутално“ прегазен. „Тешко е да се поверува дека е жив, но сега се опоравува во болница“, рече тој.
За инцидентот ја обвини „радикалната левица“, која, според него, „секојдневно им се заканува, напаѓа и ги таргетира нашите службеници за спроведување на законот и имиграциските агенти“.

