Македонија
Началникот на турскиот Генералштаб утре пристигнува во Скопје
Во дводневна официјална посета на АРМ ќе претстојува висока воена делегација на армијата на Република Турција, предводена од началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Илкер Башбуг, чиј домаќин ќе биде НГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски
Во Генералштабот на АРМ, гостите ќе бидат запознаени со реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, како и со нејзината формациска поставеност. Една од темите на разговорите ќе биде проширување на билатералната воена соработка меѓу двете армии и идните заеднички перспективи на полето на одбраната. За време на престојот во Македонија, генералот Илкер Башбуг ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.Како што е познато, АРМ има одлична соработка со турската армија на сите полиња, при што посебно е изразена во обуката, военото образование, опремувањето и употреба на единици во мировни мисии предводени од НАТО.Република Турција има долгогодишно искуство како членка на НАТО, при што има развиено високи стандарди во градењето на сопствените ВС, која од формирањето на АРМ па до денес, континуирано и несебично ја помага и го поддржува нејзиниот прием во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

