Контакт

Македонија

Промовирана првата класа офицери-пилоти

Објавено пред

Македонија има младина која е способна и мотивирана за постигнување одлични резултати по високи светски стандарди, истакна министерот за одбрана Талат Џафери на свеченоста по повод промовирањето на четворицата кадети од првата класа слушатели во Центарот за обука на пилоти во офицерски чин поручник.

dobivaj vesti na viber

Воедно Џафери истакна дека преку оваа свеченост каде е промовирана и првата жена-пилот во редовите на Армијата на Република Македонија може да се увиди дека и во пракса Министерството за одбрана ја спроведува резолуцијата 1325 на ООН по однос на родовата еднаквост.

На свеченоста на која присуствуваа и заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, како и државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски, министерот Џафери се осврна и на значењето на тукушто отворениот објект на Центарот во кој се поставени и новите симулатори од светски ранг.

„Пред неколку денови, во употреба го предадовме новиот мултифункционален објект на Центарот за обука на пилоти во кој е вграден најсовремен софистициран автоматизиран систем и е опремен со симулатори за летање со хеликоптерите Ми-17 и Ми-24″, рече министерот на свеченоста. Летањето на симулатори, додаде тој, претставува нова димензија во обуката на пилотите и обезбедува одржување на потребниот тренаж на пилотите.

На свеченоста се обрати и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски, кој им честиташе на офицерите-пилоти, а воедно се осврна и на местото и значењето на Воената академија во образовниот систем на Република Македонија, но и пошироко, во регионални рамки.

„Ве обучивме за секоја мисија со која може да се соочи секој пилот на хеликоптер и која ќе претставува предизвик во вашата кариера. Ви ги дадовме најважните и најефикасните алатки со цел да ги изградите и да ги поддржите сите ваши идни летачки активности. Ние се гордееме со вас”, изјави Директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага.

Џафери исто така информираше дека поради несоодветствување на планираните средства со понудите за започнување на генерален ремонт на хеликоптери, министерството за одбрана не било во можност да ја реализира постапката во 2013 година.

Како што додаде тој, истата е планирана и за оваа година, со таа напомена дека последните понуди имплицираат на успешна реализација на соодветната процедура, со што во следните 4 -5 месеци ќе може да се направи избор.

Во рамки на договорот на Министерството за одбрана и „Елбит системи” потребно е да се обучат 52 пилоти за потребите на воздухопловната бригада. Втората група на пилоти на хеликоптери за АРМ веќе ја заврши првата фаза од обуката, а наскоро се очекува да започне обуката на третата група и на кандидатите за пилоти./крај/мф/бс

Македонија

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Објавено пред

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го почитуваат упатството и правилникот за нарачување учебници во МОН.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на панел-дискусија во Тетово, во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“, Јаневска кажа дека проблемот со учебниците  е системски решен, укажувајќи дека  одговорноста е на директорите на училиштата доколку не побараат доволен број учебници. Посочи  дека се обезбедени  средства, нови наставни програми и дека се печатат и нови учебници, па фали, како што рече, „само добрата поврзаност меѓу институциите и нивна функционалност“, посочувајќи ги и училиштата.

-Училиштата се дел од системот, директорите на училиштата се исто така дел од системот.  Како што Министерството, Бирото, ДИЦ и сите други институции веќе многу сериозно си ја сфаќаат работата, така и менаџерите на училиштата ќе треба многу сериозно да си ја сфатат работата. Оваа година многу слободно ќе кажам, „прогледав низ прсти“.  Следната година нема да прогледуваме низ прсти. Има систем, има упатство, има правилник.  Директорите се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците.   Зошто повторувам?  Ако тие тоа не го направат, јас немам можност да им обезбедам дополнителна учебници.  Затоа, отсега натаму ако нема учебници, обраќајте се на директорите, не на министерството, одговори Весна Јаневска.

На новинарско прашање дека наставници добиваат договори на дело па се уценувани од политички партии за учество во изборни кампањи пред да добијат решение за вработување на неопределено време, министерката не се согласи и рече дека не е исто како порано.

-Да, свесна сум дека се случувале такви нешта. Апсолутно сум против тоа, апсолутно нема оправдување. Во образованието треба да влезат најквалитетните наставници. Тие коишто се мотивирани да работат со деца затоа што тоа и не е лесна работа. Законот и не е така лош доколку не би се злоупотребувал. Ќе следува и нов закон за наставници, истакна Јаневска.

Таа посочи дека од тој аспект се повеќе се преземат иницијативи за оптимизација на училишната мрежа. За разлика од минатата година кога имало 150  училишта кои работеле во една смена, сега има 200 училишта кои работат така.

-Но, повторно велам, има уште еден податок кој мора да го имаме предвид – дека бројот на ученици е намален и директорите и раководствата на училиштата, вклучувајќи го и министерството, треба да водиме сметка за тоа како се вработуваат наставниците. А бидејќи како министерство и Влада сме направиле проекција за тоа како да ги заштитиме наставниците со додатна настава, дополнителна настава, клубови, изборни предмети, општествено корисна работа. Директорите треба да си се организираат и во оваа концепција да ги најдат часовите на наставниците. Јас веќе пет години зборувам на оваа тема.  Тоа исто така во Македонија ќе мора да се спроведе ако сакаме подобар квалитет и ако сме чесни сами кон себе, сите треба да сме свесни за тоа што мора. Некаде нешто можеби и не мора, но ова мора да се направи. За да постигнеме успех, затоа што си ги застапуваме децата, а кога ги ускратуваме децата си ја осакатуваат државата, рече министерката.

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, во Тетово денеска беше организирана  третата панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“. Претходно, панел-дискусии се одржаа во Скопје и Прилеп како дел од кампањата на МОН чија цел е  да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кузеска: Инфлацијата ги јаде платите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се без план

Објавено пред

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека реалните економски податоци ги побиваат нивните тврдења за економски бум во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5 проценти, а најголемо зголемување од 7 проценти е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство“, рече Кузеска.

Таа додаде дека цените продолжуваат неконтролирано да растат.

„За 2,8 проценти се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7 проценти, овошјето и зеленчукот за 4,3 проценти. Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните“, истакна таа.

Кузеска нагласи дека платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот.

„Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат. Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните“, подвлече таа.

Според портпаролката на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема планови за покачување на платите и отфрла конкретни предлози на СДСМ, како минимална плата од 500 евра или укинување на ДДВ за прехранбени производи. „Сега е јасно: на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара граѓаните да живеат сè полошо. Целта е да ги обесхрабрат граѓаните и работниците да бараат подобри плати и приходи“, рече Кузеска.

Таа заклучи дека СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите.

„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата. СДСМ нема да молчи – и нема да молчат ниту граѓаните“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на стаклени нозе и продолжува да тоне

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на состојбата во СДСМ, нагласувајќи дека партијата е на „стаклени нозе“ и дека нема знаци на вистинска реформа.

dobivaj vesti na viber

„Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Од партијата додаваат дека претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавувал реформи, но тие најави, бидејќи долго време не се реализираат, „со тек на време станаа само празни зборови“.

„Наместо вистинска реформа, гледаме континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа партијата до состојбата во која се наоѓа денес“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие предупредуваат дека заевизмот и понатаму доминира во СДС и дека „се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад“.

„Доколку СДС не се консолидира, не се реформира и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија, а не „пolemичарење во празно“. „Венко Филипче како претседател на СДС не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата“, стои во соопштението.

„Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе. Потребни се конкретни чекори, затоа неговата оставка е единствен логичен чекор и прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи“, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија4 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија21 час

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ24 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....