Македонија
Фуере: ЕУ е отворена за нови членки
Европската унија (ЕУ) е отворена за прием на нови членки и само со приклучување на државите од Балканот ќе биде заокружена целина
Европската унија (ЕУ) е отворена за прием на нови членки и само со приклучување на државите од Балканот ќе биде заокружена целина.
Ова денеска во Скопје на средбата по повод 9. мај Ден на Европа го рече шефот на мисијата на ЕУ во Скопје амбасадорот Ерван Фуере.
Тој укажа дека граѓаните на Македонија се определени за членство во ЕУ и повтори дека во процесите на евроинтеграцијата треба да бидат вклучени сите фактори во општеството, посочувајќи го притоа, примерот и искуството на Словенија.
На средбата на тема „Од паѓањето на железната завеса во 1989. до проширувањето (на ЕУ) во 2004“ што се одржа во информативниот центар на ЕУ во Скопје, за искуствата во процесите на евроинтеграцијата зборуваа амбасадорите на државите кои, со исклучок на Словенија, до пред 20 години беа железната завеса, а веќе пет години се членки ЕУ.
Чешка е една од државите кои, по интервенцијата на тогашниот СССР во 1968 година, беше цврсто зад железната завеса, а сега е актуелен претседавач со Европската унија. Амбасадорот на Чешка во Скопје Јозеф Браун на собирот зборуваше за тоа дали безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните се подобрени по членството во ЕУ.
Словенија прва од десетте држави по големото проширување во 2004.
година беше претседавач со ЕУ. Амбасадорот Алан Брајан Бергант зборуваше за влијанието на воведувањето на еврото врз словенечката економија.
Амбасадорот на Полска во Македонија Дариуш Карол Бачура се осврна на проширувањето на ЕУ од аспект на зајакнувањето на унијата и нејзината политичка улога во светот.
Ефектите на проширувањето врз унгарската економија, беа тема на излагањето на амбасадорот на Унгарија Ференц Кекеши, додека неговиот колега од Словачка зборуваше за усвојувањето на вистински европски идентитет, на собирот на тема „Од паѓањето на железната завеса во 1989. до проширувањето (на ЕУ) во 2004“ што се одржа денеска во Скопје./крај/р/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра
Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност“, рече таа.
Кузеска кажа дека станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните, а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.
„Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители“, рече Кузеска.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците
Од 11:15 часот сообраќајот на ГП Богородица (од Грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила поради штрајк на земјоделци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„Време е да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме“: Сиљановска-Давкова на Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани.
Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничка должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само етички идеал, туку реална човечка потреба, потсетувајќи дека промените не зависат само од индивидуални напори, туку од континуирана посветеност и координираната работа на надлежните сектори.
Таа го поздравува „Ability Awards 2025“ како просветителски проект со којшто им се оддава признание на 10 личности со попреченост чии професионални и лични достигнувања се доказ за релативизирање, па дури и бришење на попреченоста преку знаењето, емоционалната интелигенција и творечката умешност. Според неа, неопходни се правни и институционални решенија што препознаваат и овозможуваат непречено изразување на различните човечки потенцијали.
За неа, подеднакво важно е наградувањето на 10-те компании за развојот на иновативни и инклузивни практики. „Нивната работа покажува дека економскиот сектор може да биде значаен промотор на културни и структурни промени, особено кога пристапноста на секој субјект кон секој објект и ресурс е стратешка инвестиција што води сметка за правичноста и еднаквоста на шансите, но и можностите”, потенцираше таа.
На настанот претседателката му ја додели наградата „ИМПАКТ – Подигање на јавната свест“ на Марко Пејчиновски кој, за неа е симбол на храброст, дисциплина и младешки дух што ја претвора љубовта во инспирација за сите негови врсници.

