Македонија
Нова демократија: Се е исто, само ѕвездата ја нема

Нова демократија смета дека предлогот на ВМРО-НП за промена на грбот на Македонија е несериозен, а симнувањето на петокраката
Нова демократија смета дека предлогот на ВМРО-НП за промена на грбот на Македонија е несериозен, а симнувањето на петокраката од државниот грб е само козметика.Ова денеска во Скопје го изјави Сулејман Рушити, додавајќи дека „Нова демократија предлага симболите на Република Македонија, како државниот грб, да го отсликуваат реалниот мултиетнички карактер на државата.“Предлозите како оној на ВМРО-НП се несериозни и не можат да бидат прифатливи, смета партијата на Имер Селмани.Според опозициската Нова демократија и решението да се тргне од грбот на Република Македонија е само од козметичка природа и според нив излегува дека се случуваат промени како во песната на Тијана Дапчевиќ „Се’ е исто, само него веќе го нема“.Ова го рече Сулејман Рушити, избегнувајќи да одговори на прашањето дали ќе гласаат за симнувањето на ѕвездата петокрака од државниот грб. /крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.