Вести
На екс претседателот на Бразил ќе му се суди за спречување истрага
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/P-H20160607005311.jpg)
На поранешниот бразилски претседател Луиш Игнасио Лула и на поранешниот извршен директор на инвестициската банкарска група BTG Pactual SA ќе му се сиди за попречување истрага, покажуваат документи од сојузниот суд во Бразилија.
Поранешниот претседател Луиш Игнасио Лула и претходно беше под истрага во различни јуриздикции за корупција во државната нафтена индустрија Petroleo Brasiliero SA (Petrobras), а сега е и официјално осуден.
Судскиот случај датира од ноември, кога поранешниот сенатор Делсидио до Амарал и Андре Естевес, основач и поранешен челник на CEO BTG Pactual, беа уапсени бидејќи се обиделе да го запрат затворениот поранешен извршен директор на Petrobras да соработува во досега најголемата бразилска истрага за корупција.
Синот на извршниот директор го снимил Амарал, кои се га соработува со обвинителството поради поблага казна, додека зборува дека на судиите може да се влијае во врска со ослободувањето на неговиот татко и дека Естевес има волја да плати за неговото молчење.
Случајот претходно беше таен и помалку познато беше за наводната вмешаност на Лула во целиот случај.
Адвокатите на Лула велат дека не се известени за судската одлука, но имаат намера да ја докажат неговата невиност. Лула повеќепати ја негираше злоупотребите, иако обвинителите велат дека корупциската шема настанала меѓу 2003 и 2011 година, за време на неговиот претседателски мандат и продолжила за време на мандатот на неговата наследничка на должноста Дилма Русефф.
Во четвртокот адвокатите на Лула ја предадоа петицијата до комитетот на ОН за човекови права, истакнувајќи дека неговите права се нарушени во одвоените корупциски истраги кои ги покренале различни судии. Канцеларијата на комитетот на ОН потврди дека ја примил петицијата, како и дека ќе ги преиспита критериумите, а оти таа постапка може да потрае две години./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.