Македонија
ИЕП: Наместо соодветна акција, има несоодветна реакција
Оценките во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија може да се опишат како статус кво ситуација, велат од Институтот за европска политика од Скопје.
Оценките во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија може да се опишат како статус кво ситуација, велат од Институтот за европска политика од Скопје.
Според ИЕП, ако во 2009 година било констатирано дека имало „суштествен напредок“, во 2010 година беше дадена оценката „натамошен напредок, но со нерамномерно темпо“, оваа година се констатираат „суштествени предизвици“, кои се лоцираат во имплементацијата на донесеното законодавство, слободата на изразувањето во медиумите, независноста на судството, реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата.
За оваа организација, најзаслужни за останувањето на препораката за членство се изборите и ефикасното формирање на новата влада, но која е засенета со, како што велат, силната констатација преземена од ОБСЕ за засновани тврдења за недоволна одвоеност на државата и партијата, како и притисок врз државните службеници.
Но, од ЕИП сметаат дека наместо соодветна акција по објавувањето на извештајот, следела несоодветна реакција на македонските власти.
„Се спротивставуваат две тези: првата – дека оценките во Извештајот се намалени за дасе зголеми притисокот за решение за името и втората – дека решавањето на спорот со името и почетокот на преговорите ќе помогне да се обезбеди внатрешна кохезија за реформите.
Во ваквиот маѓепсан круг, Република Македонија е во опасност да ги губи позициите на два фронта – и во спорот со името и во демократизацијата на државата.
Демократизацијата, вклучувајќи ја културата на дијалогот е она што на Република Македонија и го дава кредибилитетот во неспорно легитимната битка за името и идентитетот. Во оваа ситуација Република Македонија не може да си дозволи и натаму да губи сојузници“, велат од ИЕП. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

