Свет
Намерите на Малезијците заглавија во владини канцеларии
Бавноста на владината администрација ќе ја одложи инвестицијата на малезиската компанија „Хисниага груп“, која најави изградба на хидроелектричната централа „Бошков мост“ и на евтини станови во Скопје.
Мирче Котевски
Бавноста на владината администрација ќе ја одложи инвестицијата на малезиската компанија „Хисниага груп“, која најави изградба на хидроелектричната централа „Бошков мост“ и на евтини станови во Скопје. Ова го тврдат високи владини извори кои тврдат дека во преговорите за двата проекти и по половина година нема конкретен договор меѓу двете страни, туку само „писмо со намери“.
Неофицијално, инвестицијата вредна 170 милиони евра нема да влезе во земјава пред Нова година, затоа што Владата сакала внимателно да ги разгледа намерите на Малезијците со кои преговорите ги води вицепремиерот Минчо Јорданов. Конкретни резултати се уште нема, а како што дознаваме меморандумот со намери се уште е во владина процедура.
Од Владата признаваат дека инвестицијата доцни затоа што „не биле подготвени да се справат со големи проекти“, но како што велат, не се откажуваат од „Хисниага груп“.
– Мора внимателно да ја разгледаме понудата и да ги обезбедиме сите предуслови пред да го потпишеме договорот со нив. Не сакаме никакви проблеми – велат во Владата.
Оваа компанија имала намера да вложи во изградба на станови што би ги продавале за 600 евра за квадратен метар. Во кабинетот на Бучковски се убедени дека ваквата понуда значително ќе ги намали цените на становите во Скопје.
Според информациите, Малезијците сакаат да ја изградат, а потоа уште 50 години да ја управуваат ХЕЦ „Бошков мост“, што како капацитет е предвиден да никне на Мала Река кај Дебар. Овој капацитет треба просечно да произведува по 155 гигаватчаса струја годишно, или колку што се очекува да даваат половина од минихидроцентралите што најверојатно ќе ги гради словенечки „Турбоинститут“.
Изградбата, велат експерти, се очекува да трае најмногу четири години. Ако претпоставиме дека ќе остане сегашната цена на струјата, Малезијците, кои ќе добијат и концесија за користење на водите, би ги вратиле парите за од 8 до 10 години. Ако, пак, струјата поскапи најмалку 15 отсто, рокот за враќањето на инвестицијата ќе биде шест години.
Проектот со „Хисниага“ е една од инвестициите што Владата сака да ја донесе во земјава преку непосредна спогодба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десет години од терористичките напади во Париз, членови на ИСИС пукаа во публика на концерт во Батаклан
Франција денеска ја одбележува 10-годишнината од најкрвавиот напад во својата модерна историја. Вечерта на 13 ноември 2015 година, џихадистички вооружени лица и бомбаши самоубијци извршија серија координирани напади што кулминираа со крвав напад врз концертната сала Батаклан во источен Париз. Во нападите беа убиени 137 лица.
Тројца бомбаши самоубијци се разнесоа пред стадионот „Стад де Франс“ каде што се одржуваше меѓународен фудбалски натпревар.
Потоа други членови на исламистичката група отворија оган со калашникови врз луѓе кои пиеја во барови и кафулиња недалеку од Батаклан. Настапот на американската група „Eagles of Death Metal“ штотуку започна кога тројца џихадисти упаднаа и неселективно пукаа во публиката.
Тие, исто така, зедоа заложници, а кога пристигна полицијата, се разнесоа. Вкупно 137 луѓе беа убиени, само 90 во Батаклан, а повеќе од 400 беа лекувани во болница. Безброј други претрпеа психолошка траума.
Зборот Батаклан оттогаш стана синоним во Франција за екстремни исламистички напади, слично како што беше 11 септември во САД.
Иако оттогаш имаше и други напади, како што е масакрот со камион на главната променада во Ница во јули 2016 година и обезглавувањето на наставникот Самуел Пати во октомври 2020 година, нападите од 13 ноември 2015 година се издвојуваат по својот обем и организациски способности. Десет години подоцна, многу работи се променија.
Исчезнувањето на групата Исламска држава (ИС) како главна сила во Сирија и Ирак значи дека средствата за планирање и извршување сложени терористички напади се значително намалени.
„Заканата сега доаѓа одвнатре, од дома и е многу помлада. Се храни од пријателства и социјални мрежи на истомисленици, без нужно да има луѓе кои мора да даваат и примаат наредби“, рече Жил Кепел, водечки експерт за Блискиот Исток.
Заканата е уште позагрижувачка, верува тој, бидејќи е толку порозна, со настани во Газа и Израел кои имаат „трауматски ефект“ врз умовите на многу граѓани, а оваа закана ја „искористуваат претприемачи на гнев“.
Актуелната француска политичка криза, исто така, додава масло на огнот, тврди Кепел. Сведоци сме на немоќно претседателство кое се повлече пред поделениот парламент во кој екстремистите од левицата и десницата имаат сè поголемо влијание, вели Кепел.
Комеморации ќе се одржуваат во текот на целиот ден денес на различни места на нападите, кулминирајќи со отворање градина во близина на Градското собрание во Париз.
Кога ќе падне ноќта, Ајфеловата кула ќе биде обоена во црвена, бела и сина боја на француското знаме. Француските медиуми се полни со приказни и сведоштва, а преживеаните опишуваат како овие трагични настани им го промениле животот.
Фото: ЕПА
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугиа во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се испостави, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откако таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој ја контактирал полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугиа, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Страшна несреќа во Перу, автобус падна во клисура, најмалку 37 загинати
Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во клисура длабока околу 200 метри.
Несреќата се случила во раните утрински часови на тежок дел од Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си.
Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа скршнало од патот и паднало до брегот на реката Окоња.
Автобуските несреќи во Перу се чести, особено ноќе и на планински патишта. Причините често се лоши услови на патот, прекумерна брзина и недостаток на сигнализација.
❗️⚠️🇵🇪 – Bus Crash in Southern Peru Kills 37
At least 37 people died and 13 others were injured early on November 12, 2025, when an interprovincial passenger bus collided with a pickup truck on a sharp curve and plunged more than 200 meters (650 feet) into a ravine along the… pic.twitter.com/mPzpj9M6Cs
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) November 12, 2025
Автобусот, управуван од компанијата Љамосас, патувал од градот Чале, во покраината Каравели, до Арекипа. Според извештаите, двајцата возачи ја преживеале несреќата.
Фотографиите од местото на настанот го покажуваат автобусот целосно уништен на дното од стрмна клисура, со скршени прозорци, смачкан и урнат покрив.
Валдор Љерена, градоначалникот на округот Окоња, изјави за радиото RPP дека теренот во областа е „многу тежок“ и дека областа има долга историја на фатални несреќи.
Според официјалните бројки, повеќе од 3.300 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Перу во 2022 година, а безбедноста на патиштата е голем проблем. Панамериканскиот автопат, кој се протега на 48.000 километри од Алјаска до јужна Аргентина, го држи рекордот за најдолг пат во светот што може да се вози со автомобил.

