Македонија
Над 1.800.000 гласачи ќе може да гласаат на 5-ти јуни
Вкупно 1.821.122 граѓани во Република Македонија и вкупно 7.258 во странство ќе имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори, соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.
Вкупно 1.821.122 граѓани во Република Македонија и вкупно 7.258 во странство ќе имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори, соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.Според податоците што ги соопшти Кондарко, право на глас во Изборната единица бр. 1 имаат 302.864, во втората изборна единица – 312.720, во третата – 291.140, во четвртата – 292.596, во петата – 303.686 и во шестата изборна единица се регистрирани 318.116 гласачи.На ова членот, на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими имаше приговор дека постои голема разлика во бројот на избирачи, па така на пример, меѓу изборните единици четири и шест, односно бројот регистрирани гласачи се разликува за околу 26 илјади. Ибраими додаде дека со тоа еден пратенички мандат не добива иста или приближна „тежина“ на гласовите. Претседателот на Комисијата, Кондарко на ова рече дека тие се придржувале согласно законот, како што дополни, каков што е.Во однос на избирачите во странство, според конечните податоци, во Европа за гласање се пријавиле 4.653, во Америка и Канада има пријавено вкупно 1.832 избирачи а во избирачката единица девет – којашто ги опфаќа избирачите во Австралија, право на глас имаат 773 лица./крај/мф/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

