Македонија
Вокер: Интересот на граѓаните на Македонија и Грција да биде на прво место
Македонија и Грција на прво место да го стават интересот на своите граѓани, изјави поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Курт Вокер, говорејќи за проблемот со името на петочната трибина „Еволуција на НАТО – стратешки концепт за 2010-та и натаму“ во Вашингтон.
Македонија и Грција на прво место да го стават интересот на своите граѓани, изјави поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Курт Вокер, говорејќи за проблемот со името на петочната трибина „Еволуција на НАТО – стратешки концепт за 2010-та и натаму“ во Вашингтон. Според Вокер, Македонија и Грција треба да се справат со спорот со името без да го попречуваат долгорочниот развој на населението. „Проблемот со името претставува пречка на тој пат. Останува на двете држави да изнајдат компромис, а не само една од нив. Инволвираните страни треба на прв план да ги стават интересите на граѓаните и нивната благосостојба и да најдат начини да се справат со прашањата како идентитет, име, јазик и слично, без да го спречат тој долгорочен човеков развој на населението. Токму тоа во моментов е спречено“, рече Вокер. За Џејми Ши, директор за политичко планирање од приватната канцеларија на Генералниот секретар на НАТО, кој говореше преку видео-врска од Брисел, апсолутно е потребно обете страни да прифатат некаков компромис, а тоа нема да се случи ако, како што кажа, една од државите чини сто проценти, а другата – нула. Во Вудроу Вилсон Центарот во Вашингтон се дискутираше за новиот концепт на НАТО изработен од експертска група назначена од генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, а со која претседава поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. НАТО има натамошна задача да ја гарантира безбедноста на своите членки, но целта може да ја постигне доколку динамично се ангажира со земјите и организациите надвор од своите граници, подвлече Олбрајт трибината. „НАТО може да влијае на безбедноста и преку продолжување на политиката на постепено проширување. Потенцијалните членки на Алијансата од Западен Балкан и евро-атлантскиот регион пошироко имаат право на чесно разгледување на нивните аспирации, врз основа на истите правила што важеа за веќе постојните земји-членки“, рече поранешната американска државна секретарка Олбрајт. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Подигнати 𝟦𝟧 кубни метри отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир, изветси Комунална хигиена-Скопје.
Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини.
Во општината Чаир се отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Цветан Димов, додека во општината Центар е интервенирано на неколку локации долж булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Демир Капија – Валандово поради заглавен камион
Регионалниот пат Р1102 Демир Капија – Вландово е во прекин.
Oд АМСМ информираа дека прекинот е поради заглавен камион.
Македонија
ВЛЕН „не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството
„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата „Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата „Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите“, велат од ВЛЕН.
„Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадениза експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.
Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијание врз институциите кои треба да бидат целосно независни и незасегнати во работата на правосудството.
По откривањето на ова дело, Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството да даде објаснувања и се води истрага за овој случај. Коалицијата ВЛЕН, како дел од владата, ги повикува правосудните институции да постапат во согласност со законот и да обезбедат безбеден и транспарентен истражен процес, за да се избегне каква било форма на политичко влијание за конечната одлука да биде целосно заснована на законите на нашата земја. А злонамерниците како Дрин Ахмети ќе ја добијат заслужената казна.
Коалицијата ВЛЕН со целосна решителност и максимална одговорност ги поддржува сите напори овој случај да се постапува со професионалност и непристрасност за да се воспостави ред и законитост во оваа област.
Коалицијата ВЛЕН будно ќе го следи ова прашање и ќе биде неприкосновна во борбата за транспарентност и правда и никогаш нема да толерира злоупотреби. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука да ги откриеме сите измами поврзани со ДУИ нон грата и дека ќе има одговорност за сите.
ВЛЕН е коалиција на сите граѓани, ВЛЕН не се залага за внуци туку за секој од вас. Секој граѓанин ужива почит и еднаков третман од најголемата албанска коалиција“, се додава во соопштението на ВЛЕН.