Македонија
Генерално Собрание на асоцијацијата на национални новински агенции од Балканот
Македонската информативна агенција годинава е организатор и домаќин на XXI Генерално собрание на асоцијацијата на националните новински агенции од балканскиотрегион, односно од државите од Југоисточна Европа – АБНА-ЈИЕ.
Генералното собрание ќе се одржи во Скопје од 1-ви до 4-ти ноември.
Генералното собрание на АБНА-ЈИЕ е еминентен собир на претседатели на надзорни и управни органи, генерални директори и главни и одговорни уредници на националните новински агенции од споменатиот регион.
Во рамките на работниот дел од Генералното собрание во петок, меѓу другото, ќе биде организирана и трибина на тема: „Заштита на авторските и издавачките права за вести и други новинарски прилози на новинските агенции“, на која покрај директорите и главните уредници на членките на АБНА-СЕЕ, ќе учествуваат и универзитетски професори, локални експерти и претставници на медиумите од Македонија.
Асоцијацијата на националните новински агенции на земјите од Балканот и од Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ) е формирана во 1995 година со цел да се развие целосна соработка меѓу националните новински агенции од регионот, но и да се придонесе кон создавањето на клима на мир, на пријателство и соработка во балканскиот регион.
Основачката конференција се одржа во Солун на 26 јуни 1995 година по иницијатива на тамошната Македонска новинска агенција, додека првото Генерално собрание на Асоцијацијата се одржа АБНА-ЈИЕ во Анталија, Турција на 15 и 16 декември 1995, само еден ден откако во Париз беше потпишан Дејтонскиот договор со кој се стави крај на крвавата граѓанска војна во Босна и Херцеговина.
Секретаријатот на АБНА-ЈИЕ е со седиште во Солун, а претседателството ротира секоја година. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

