Контакт

Свет

Можно е одложување на влезот на Романија во ЕУ

Објавено пред

Надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент синоќа го одложи изјаснувањето за кандидатурата на Романија за членство во Европската унија, со образложение дека од членките ќе побара мислење за можно одложување на приемот на земјата во полноправно членство.

dobivaj vesti na viber

Надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент синоќа го одложи изјаснувањето за кандидатурата на Романија за членство во Европската унија, со образложение дека од членките ќе побара мислење за можно одложување на приемот на земјата во полноправно членство. Романија и Бугарија би требало на 25 април да потпишат договори за приклучување во ЕУ, за во 2007 година да станат полноправни членки на Унијата, но бавното спроведување на реформите во Романија би можело да го одложи приемот на земјата за една година. Одборот на Европскиот парламент најави дека ќе ги почека оценките на Европската комисија и владите на 25 членки на Унијата, пред да даде мислење за прашањето на 30 март. Европскиот парламент во април би требало да се изјасни за приклучувањето на Романија и Бугарија, непосредно пред потпишувањето на договорите. Во нацрт извештајот на Одборот, властите во Букурешт се повикуваат да го забрзаат спроведувањето на економските, политичките и правосудните реформи или ќе дојде одложување на приемот. Во извештајот се предупредува дека во случај Романија да не го забрза темпото на реформите за приближување кон ЕУ, “ќе биде оправдано да се донесе одлука за одложување на приемот за една година“. Се укажува дека известувањето за одложување не треба да се гледа како на “санкција, туку како на механизам кој на Романија би требало да и даде време да се подготви за приклучување, без потрес за неа или за политиката на заедницата (ЕУ)”./крај/б/ил/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас одговори на „последното предупредување“ од Трамп

Објавено пред

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека е подготвена веднаш да започне преговори по „последното предупредување“ од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бара да прифатат договор за ослободување на израелските заложници од Газа.

dobivaj vesti na viber

Хамас потврди доцна синоќа дека добил „некои идеи од американската страна со цел постигнување преговори за прекин на огнот“, додавајќи дека „го поздравува секој потег што ќе помогне во напорите за запирање на агресијата врз народот“.

Организацијата соопшти дека е „подготвена веднаш да седне на преговарачка маса за да разговара за ослободување на сите затвореници во замена за јасна декларација за крај на војната, целосно повлекување од Појасот Газа и создавање независен палестински комитет за управување со Појасот Газа“.

Изјавата дојде кратко откако Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека „Израелците ги прифатија неговите услови“, без да даде детали. „Време е Хамас да ги прифати. Го предупредив Хамас за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, нема да има второ!“ додаде Трамп.

„Сите сакаат заложниците да се вратат ДОМА. Сите сакаат оваа војна да заврши“, рече американскиот претседател.

САД, Катар и Египет посредуваат во индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за завршување на војната во Газа, која започна со напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа киднапирани.

Повеќе од 64.000 Палестинци се убиени во Газа од тогаш, според локалните здравствени власти управувани од Хамас, бројка што Обединетите нации ја сметаат за веродостојна. Според израелските бројки, 48 заложници остануваат во крајбрежната енклава, а се верува дека 20 се живи.

Прикажи повеќе...

Регион

Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Објавено пред

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.

dobivaj vesti na viber

„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.

Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.

Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.

фото: фејсбук

Прикажи повеќе...

Свет

Жена од Австралија осудена на доживотен затвор: го убила семејството на сопругот со отровни печурки

Објавено пред

Ерин Патерсон од Австралија, прогласена за виновна за убиствата на тројца постари роднини на нејзиниот сопруг на кои им послужила оброк со отровни печурки, денес беше осудена на доживотен затвор, објави германската новинска агенција дпа.

dobivaj vesti na viber

Судијата Кристофер Бил, во Врховниот суд на австралиската држава Викторија, ја осуди Патерсон на доживотен затвор без можност за условна слобода во траење од 33 години. Бил наведе „отежнувачки околности“ при читањето на пресудата, вклучувајќи планирање на труењето и „огромно кршење на довербата“.

Поротата ја прогласи Патерсон за виновна во јули за тројно убиство и обид за убиство поради оброк што го послужила во јули 2023 година. Патерсон се изјасни за невина по обвиненијата и рече дека смртните случаи биле случајни.

Бил ја осуди на доживотен затвор за секое од трите убиства и 25 години за обид за убиство. „Немам двоумење да заклучам дека вашето кривично дело спаѓа во најлошата категорија на злосторства убиство и обид за убиство“, рече судијката Бил.

„Тежината на вашето дело ја оправдува максималната казна за вашите злосторства“.

Петерсон, 50, беше прогласена за виновна за убиствата на нејзината свекрва Гејл Патерсон, свекорот Доналд Патерсон и сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон, како и за обидот за убиство на Иан Вилкинсон, сопругот на Хедер.

Тројцата починаа во болница неколку дена откако го јадеа оброкот. Иан Вилкинсон беше однесен во болница во критична состојба, но успеа да се опорави.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија35 минути

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија53 минути

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет1 час

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија1 час

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија2 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет11 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија16 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ18 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија19 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет22 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет22 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија22 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет23 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија23 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија24 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...