Контакт

Свет

Забавена сојузничката офанзива во Авганистан

Објавено пред

Авганистанските власти ги обвинуваат талибаните дека ги користат цивилите како жив ѕид за да се заштитат и да го забават напредувањето на меѓународните сили и авганистанските војници во офанзивата во Хелманд

dobivaj vesti na viber

„Земаа повеќе цивили како заложници. Ги ставаат жените и децата на покривите од куќите и оттаму пукаат заштитени со цивилите“, изјавил генералот Мохаидин Гори, командант на авганистанските војски во офанзивата Муштрак (Заедно).Оваа тактика кој е проследена со поставувањето бомби од домашно производство во околината на Муџрах, главниот град на покраината Хелманд, главно упориште на авганистанските талибани, според генералот Гори ја забавило офанзивата.„Талибанските мини и стравот од цивилни жртви го отежнува нашето движење“, додал Гори за странските новинари.Според полковникот Мохамад Саревар, офицер на авганистанското воено разузнавање, еден од најголемите проблеми на сојузничките војски е што талибаните ги користат цивилите за нивна заштита. Операцијата на заедничките трупи на Авганистан и на НАТО беше најавена две седмици однапред, што требаше да има ефект брз колебливите бунтовници и врз локалното население да се евакуира за да се избегнат цивилни колатерални жртви и да не бидат жив ѕид на талибаните.И командата на НАТО и командата на авганистанската армија пред почетокот на офанзивата најавија дека еден од приоритетите ќе биде избегнувањето на цивилните жртви. Инаку, во неделата дванаесет цивили беа убиени во ракетан напад на НАТО и авганистанската армија. Две ракети чија цел била талибанска позиција во Маџрах експлодирале на околу 300 метри од гаѓаното место, при што во регионот Над Али загинаа 12-те цивили. Откако британските хеликоптерски единици неколку дена вршеа бомбардирање на талибанските позиции во Хелманд, првиот напад врз градот Маџрах со 80 илјади жители, го изведоа неколку илјади американски маринци и војници на НАТО. Веднаш по нив требаше да следи напредувањето на екипи кои треба да помогнат во воспоставување на јавните служби и власта во градот, за да се добие поддршка од локалното население. Американските аналитичари забележуваат дека талибаните засега не покажуваат знаци на вознемиреност, иако во Авганистан ќе бидат распоредени уште дополнителни 30 илјади странски војници. Напротив, тие ги проширија нападите до југот на земјата развлекувајќи ја поставеноста на меѓународните војски. „Бројката талибански борци се зголемува секој ден. Нема значење колку војска ќе испратат Американците, талибаните и натаму ќе продолжат со џихадот“, изјавил еден од нивните портпароли. НАТО има проценка дека бројката на бунтовниците од 400 во 2004 г. се зголемила сега дури на 30 илјади. Многу од бунтовниците се враќаат од Пакистан, каде се засолнуваат.Талибаните во сите авганистански провинции воспоставија паралелна власт, а нивните шеријатски судови побрзо ги решаваат споровите за земјата отколку авганистанските судови. Тие на своите борци им даваат поголеми плати од платите во авганистанската армија. Нивниот главен проблем е што не можат да регрутираат борци надвор од паштунската заедница кое е 40 отсто до вкупното население.Ричард Барет кој го води тимот на Обединетите нации за следење на талибаните и Ал Каеда, смета дека талибаните најверојатно дошле до крајните граници на нивното ширење, но истовремено стануваат и позбиено движење кое има командна структура од лидерот Мулах Мохамед Омар до командантите на теренот.Американските аналитичари велат дека претседателот Барак Обама доцни со стратегијата, која според нив е компромис меѓу барањата на командантите во Авганистан и она што домашната јавност може да го апсорбира без поголеми противења. Инаку, генералот Дејвид Петраус, автор на стратегијата применета во Ирак, изјави дека Авганистан ќе биде најкрвавата и најтешка војна која САД ќе ја водат по подолго време.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи

Објавено пред

Од

Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.

dobivaj vesti na viber

Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.

Тој додаде дека инцидентот се истражува.

Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.

Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.

Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.

Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.

dobivaj vesti na viber

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.

„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.

„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.

Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.

Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.

„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.

фото/епа

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп повторно го тужи Харвард

Објавено пред

Од

Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.

dobivaj vesti na viber

Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.

Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.

Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.

Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.

Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...