Македонија
Нискоградба си ги расипа возилата оти добила влажна сол
Улица Рузвелтова речиси и да немаше место без вода. Граѓаните со мака се обидуваа да ја поминат барајќи чист терен. Битолчани реагираат дека оваа не е единствената улица каде што неисчистениот снег прави проблеми:
Улица Рузвелтова речиси и да немаше место без вода. Граѓаните со мака се обидуваа да ја поминат барајќи чист терен. Битолчани реагираат дека оваа не е единствената улица каде што неисчистениот снег прави проблеми:
“Само центарот е исчистен, да видите кај Јадранска, горе Брусничка како е. Мислам дека не се ангажираат доволно работниците, луѓето кои се без работа, воопшто не е чист“ коментираат битолчани.
Екипите на Нискоградба на терен се со сите возила, а улиците од прв и втор приоритет и селата во нивна надлежност неколкупати биле поминати. Потрошени се околу 50 тони сол и 20 метри кубни ризла.
Материјал имаат во доволна количина: ,,Неколку пати населените места и селата околу градот се поминати, немаме информација за застој во сообраќајот, освен селото Ореово кое не е исчистено, но мислам дека до крајот на денот ќе се исчисти и тој дел, вели Венцо Шишкин, технички директор на Нискоградба.
Влажната сол им создала проблеми на возилата на јавното претпријатие: ,,Предизвика дефекти на возила, знаете како е влажната сол од соларникот не излегува, но тие дефекти се отстранети. Порачана е нова количина за која се надеваме ќе биде со добар квалитет, вели Шишкин.
Денешните високи температури предизвикаа нагло топење на снегот поради што екипите на нискоградба денеска беа ангажирани и околу сливниците.
„И во моментот се расчистува снегот околу сливниците. Поради врнежите кои се очекуваат вечерва се препорачува внимателно возење, затоа што ќе доаѓа до мрзнење, а ние не можеме да интервенираме на терен за 5 до 10 минути, вели Шишкин.
За отстранување на снегот од Широк Сокак Нискоградба треба да добие налог од општината. Вечерва и утре се очекуваат нови врнежи од снег поради што од претпријатието апелираат до граѓаните снегот од дворовите да не го фрлаат на улиците затоа што тоа им ја отежнува работата на работниците, а истото предвидува и законска казна./крај/тера/цр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

