Свет
Судијка и адвокат краделе пари од Буџетот
МВР и Обвинителството се сомневаат дека судијка и адвокат наплатувале божемни трошоци за непостоечки предмети со фалсификувани извршни решенија
КРИМИНАЛ ВО ОСНОВНИОТ СУД 1 ВО СКОПЈЕ
МВР и Обвинителството се сомневаат дека судијка и адвокат наплатувале божемни трошоци за непостоечки предмети со фалсификувани извршни решенија
Инспектори од одделот за стопански криминал во Министерството за внатрешни работи и од одделението за организиран криминал во обвинителството веќе неколку дена ги чешлаат документите во извршното одделение во Основниот суд 1 во Скопје.
Службеници во ова одделение се осомничени за организиран криминал. Со фалсификувани извршни решенија требало да бидат исплаќани пари од Буџетот на Република Македонија. Се работи за неколку стотици илјади денари.
Според првичните сознанија на истражителите, во криминалот се замешани и една судијка и познат скопски адвокат. Досега биле откриени неколку фалсификувани решенија.
Ујдурмата била откриена кога во Народна банка стигнало извршно решение од Основниот суд 1 во кое било наведено дека треба да се исплатат поголема сума пари. Парите требало да легнат на жиро сметка на познатиот скопски адвокат. Но, на службениците од банката не им била јасна содржината на решението односно како да пресметаат дел од каматите. Затоа побарале од судот да им дадат дополнителни детални информации.
Тогаш било откриено дека под тој број на решението во судот биле заведени сосема други странки и сосема друг предмет. Наплатата за вистинското решение требало да оди преку една деловна банка, а не преку Народна банка. Така било утврдено дека решението доставено до Народна банка е фалсификат.
Веднаш биле известени полицијата и обвинителството. Компјутерот на кој работеле службениците во судот бил запечеатен и се проверува што се било пишувано на него.
На распит биле повикани адвокатот, службениците од судот и нивни блиски роднини кои биле замешани во бизнисот.
Интересно е што во случајот е осомничена судијка која во извршното одделение била распределена неодамна.
Досега според судскиот деловник првиот примерок на секое решение го потпишува судијата , а вториот, на кој пишува "верно на оригиналот" службениците кои ставаат печат и штембил. По откривањето на овој случај сега сите примероци на решенија кои треба да останат или излезат од судот ќе ги потпишуваат судиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

