Македонија
Во Охрид хуманитарен концерт за помош на децата со оштетен вид
Во организација на Првата амбасада за деца и млади со оштетен вид „ОКО“ и со поддршка од градот Охрид вечерва во салата „Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен концерт со со многу врвни имиња од македонската естрада со цел да им се помогне на децата со оштетен вид
Средствата од концертот се наменети за учебници, звучни помагала, компјутери и операции на децата со оштетен вид.Концертите ќе продолжат низ Македонија, а завршниот концерт ќе биде во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.Покровители на манифестацијата се градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и хотелот „Инекс Горица“, а собраните средства и донации ќе бидат прикажани во документарен филм кој ќе го изработи продуцентската куќа „Токсикологија“.Концертот почнува во 21 часот, а билетите можат да се набават на влезот од салата „Билјанини извори“ и на градскиот плоштад во Охрид по симболична цена од 100 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
45 тони индустриска сол фрлена на критичните точки и на поголемите булевари во Скопје
Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот, известуваат од „Улици и патишта“.
Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.
Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24.
Координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал, велат од „Улици и патишта“.
Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедија околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.
Кoловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.
Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.
Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.
Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините, додаваат од „Улици и патишта“.
Македонија
(Видео) Основците од Карпош работат на интерактивни смарт табли и панели
Образовниот процес во сите 10 основни училишта во Карпош во кои учат учениците од прво до петто одделение, целосно се одвива согласно новата концепција за основно образование која беше донесена во 2021 година, подразбирајќи активно вклучување на основците во информатичкото современо општество.
Поточно, сите образовни установи од Карпош, во рамки на своите училници за одделенска настава располагаат со интерактивни смарт табли и интерактивни панели.
По тој повод денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски направи обиколка на ООУ „Владо Тасевски“, каде непосредно присуствуваше на одделенската настава која се одвиваше во рамки на оваа образовна институција. Во оваа пригода првиот човек на Општина Карпош најави дека во текот на 2025 година, локалната самоуправа ќе продолжи со доопремување на сите училници каде учат основците од шесто до деветто одделение, односно дека ќе бидат набавени уште 84 интерактивни табли кои ќе бидат распоредени во работните кабинети по предметна настава.
Истовремено, Јакимовски откри дека Општина Карпош во секое училиште кое е под нејзина надлежност ќе отвори по една информатичка училница. За таа цел, локалната самоуправа ќе набави околу 250 нови компјутери, кои ќе бидат неопходна алатка за работа во овие училници.
– Набавивме 50 смарт панели за да се одвива наставата на најсовремен начин, согласно најновите наставни програми во кои што треба да се зголеми и прошири знаењето во делот на компјутерските вештини. На тој начин имаме многу повеќе можности, се прошируваат опциите за истражување, како и користењето на многу повеќе помагала. На ваков начин се вклучуваме во современите текови на електронското општество. Практично, со овие 50 смарт табли, имаме или смарт табли или смарт панели, во сите наши училишта од прво до петто одделение. За наредната година имаме предвидено во општинскиот Буџет уште за 85 табли и со тоа значи од прво до девето одделение за во сите училници ќе имаме смарт табли и панели. За наредната година издвојуваме средства за 254 компјутери, што значи секое училиште ќе има по една компјутерска сала, најнови лаптоп компјутери со кои нашите најмлади жители ќе се образуваат во делот на електорниката во делот на компјутерските науки и со тоа ќе се олесни наставата и за наставниците и за децата – посочи Јакимовски.
Со овој потег општина Карпош ќе стане првата локална самоуправа во Македонија, која обезбедила целосни услови за сите свои основни училишта да ја реализираат образовната настава со помош на најсовремената информатичко – комуникациска технологија (ИКТ). На тој начин, сите основци од Карпош ќе бидат активно вклучени во современите текови на ИКТ стандардите на едукација, кои ги применуваат развиените земји од светот во рамки на своите образовни системи.
Скопје
Градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба
Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.
„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.