Македонија
Средното медицинско доби нова опрема за практична настава
Средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ денеска доби нова опрема за изведувањето на практична настава на учениците.
Средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ денеска доби нова опрема за изведувањето на практична настава на учениците.Во рамки на опремата, која чини милион и 200 илјади денари, набавени се 23 микроскопи, повеќе модели на човечки органи кои се расклопуваат, десетина „фантом“ раце за боцкање со вештачка крв и две тела „фантоми“ за нега.„Започнуваме да го реализираме акциониот план за вештини, а не дипломи. Она што сакаме да го постигнеме во македонското образование е сите оние кои ќе се стекнат со определено ниво на квалификација, без разлика дали е тоа средно или високо образование, да можат веднаш со тие квалификации да аплицираат на пазарот на трудот и веднаш да почнат да работат, а не да им треба определен период и време на практична настава во фирмата во која што ќе се вработат, па потоа да почнат да ги извршуваат своите работни задачи“, рече министерот за образование и наука, Никола Тодоров.Директорот на средното медицинско, Маријан Алабаковски рече дека опремата ќе го олесни изведувањето на практичната настава и ова ќе ги задоволи сите потреби на училиштето./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штедна книшка и подароци од Арсовка за првороденото бебе во 2025 година
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе подароци и му посака успеси на семејството.
„Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, објави Арсовска.
Македонија
(Видео) 29 кривични дела, 28 сообраќајки, за Тoшковски новогодишната ноќ била мирна и безбедна
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци. Тој поминатата новогодишна ноќ ја оцени како мирна и безбедна.
„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ. Присуството на терен беше засилено и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имено, во периодот од 14.00 часот вчера до 05.00 часот денеска изутрина регистрирани се 29 кривични дела, како и 28 сообраќајни незгоди од кои 3 со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 33 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога – 14 лица. Им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и кои што придонесоа сите заедно да направиме новогодишната ноќ да помине мирно.“, истакна министерот Тошковски.
Македонија
Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
„Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој прекрасен објект, оваа ски- стаза.
Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост“, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на ски центарот „Михајлово“ во близина на Кавадарци .
Како Влада, додад тој и во иднина ќе продолжиме да помагаме.
Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Заеднички кога се работи, успехот е тука“, нагласи тој.