Македонија
Прва средба на Комисијата за настаните од 24 декември во кабинетот на Иванов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/34265371-a1c5-42c3-bc88-d51b90d97711.jpeg)
Првата средба на членовите на Комисијата, која треба да ги истражи случувањата во Собранието на 24 декември, ќе се одржи во петок во Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, и професорите Рената Десковска-Тренеска и Љубомир Данаилов Фрчкоски, предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во присуство на претседателот Иванов прв пат ќе седнат на заедничка маса, но состанокот нема да биде работен, туку повеќе ќе биде во функција на формален почеток на работата на Комисијата.
Се очекува за најмногу до два месеца Комисијата да излезе со извештај и заклучоци за настаните во Собранието. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Врнежи од снег на повеќе патни правци, нема пречки за одвивање на сообраќајот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/sneg-pat.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Центар и Аеродром денеска без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/struja-havana.jpg)
ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови на Центар и Аеродром.
– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од улицата Преспанска, Маџармаало, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од дел од улицата Мите Богоевски 2, дел од улицата Мите Богоевски 6, дел од улицата Мите Богоевски 3, дел од улицата Мите Богоевски 4, во општина Аеродром;
– во периодот од 06.30 до 19.00 часот, корисниците од пат за Горно Лисиче, Лисец, Улица 1627, околина Црква Св Петар и Павле, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром.
Македонија
Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/oblak-redok.jpg)
Променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје утрото студено, во текот на денот умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.