Контакт

Свет

Мубарак поднесува оставка

Објавено пред

Египетскиот претседател Хосни Мубарак во четврток навечер треба да ја објави својата оставка од претседателската функција, јави американската мрежа NBC News која се повикува на два извора, од кое еден е од CIA

dobivaj vesti na viber

Како што се предвидува неодамна именуваниот потпретседател Омар Сулјеман ќе биде човекот што ќе го замени Хосни Мубарак по три децении на претседателската функција. Како што јавува NBC News повикувајќи се на добро известени извори, во текот на целиот ден во четвртокот траел состанокот на највисок ниво на египетскиот воен врв. По состанокот египетската армија го издаде кусото соопштението дека ќе бидат исполнети сите барања на демонстрантите, со нагласка дека во текот на денот ќе следува пошироко известување.Ова пред демонстрантите на плоштадот Тахрир го повтори и генералот Хасан ал-Руеини, воен командант за областа на главниот град Каиро. Тој прв најави дека на народо ќе му се орбати лично претседателот Хосни Мубарак.  Еден од изворите на американската информативна мрежа потекнивува од канцеларијата на Мубарак, и тој потврдил дека египетскиот претседател ќе подонесе оставка.„Многу е веројатно дека претседателот Хосни Мубарак ќе подонесе оставка вечерва“, изјави претходно во четвртокот директорот на американската раузнавачка служба CIA, Лион Панета во текот на неговата изјава пред комисијата на американскиот Конгрес која ја контрила рабтоата на разузнавачките служби, пренесе Assocaited Press.Според електронското издание на Washington Post, ваквите информации се во опток во Каиро, но се многу контрадикторни. Според весникот првичните информации говореа дека се подготвува воен пуч, а по соопштението на воениот врв стана јасно дека Мубарак ја изгуби досегашната поддршка од армијата. Меѓу демонстрантите на плоштадот Тахрир на кои во четвртокот им се придружија и медицинските лица, се шпекулирало дека Мубарак ќе се откаже само од дел од привилегиите што му ги пружа претседателската функција.Во Египет 17-ти ден продолжуваат масовните протести со кои се бара оставка од шефот на државата. Во некои области во земјата, како и во престолнината Каиро, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, како и во меѓусебите судири меѓу противниците и приврзаниците на претседателот Мубарак досега загинаа околу 300 лица а околу пет илјади се повредени. Демонстрантите сметаат дека режимот на 82-годишниот Мубарак е одговорен за високиот степен на сиромаштија во земјата, гоелпата корупција и социјалната нееднаквост. Егиепсктие власти изминатите неколку дена направија некои чекори кон задоволување на барањата на демонстрантите, кои внесоа раздор во редовите на противниците на режимот. Особено откако премиерот Ахмед Шафик вети дека од 1 април за 15 отсто ќе ги зголеми платите на вработените кои се финансираат од државнито буџет, како и пензиите. Претходно, Мубарак вети дека нема да се кандидра за уште еден застане на претстојните избори во септември оваа година. Покрај тоа, Мубарак го смени целиот врвот на владејачката Национална демократска партија, а од едно од раководните места во партијата го отстрани и својто постар син Гамал Мубарак. Заменик-претседателот Омар Сулејман во меѓувреме одржа неколку круга на меѓуетнички дијалог, на кој се разгледуваа барањата на опозицијата, вклучувајќи ги инсистирањата за уставни реформи. Покрај тоа, беше формирана и независна комисија за истрага за трагичните настани од 2-ри февруари, кога во судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак беа убиени 11 луѓе. Сепак, повеќето радикални млади кои протестираат на плоштадот Тахрир, сметаат дека сиве овие мерки не се доволни и соопштија дека нема да си заминат се додека не „си замиме режимот“.

Мек воен удар Како што пренесува Fox news, групата којашто во четвртокот се состанала била составена од министерот за одбрана, маршалот Хусеин Тантави – кој стои на врвот на воената хиерархија, заедно со началниците на службениците во војската, командантот за  операции, како и командантите на копнените сили, морнарицата, воздухопловните сили и воздушна одбрана . Изворот на телевизијата посочил дека трансферот на власта ќе се случи „надвор од уставната рамка“, бидејќи според егиептскиот устав, оставката Мубарак би значело дека спикерот на парламентот ќе стане претседател, а изборите ќе се одржат во рок од 60 дена. Во овој случај, военито совет „нема да се раквооди од уставот или легислативата“, истакнал соговорникот кој додал дека „оттаму, тие ќе треба да го дефинираат форматот под кој ќе се преземе власта“ . Според Fox news не е познато колку долг период египетскито воен врв планира да ја контролира власта, ниту, пак, е познат механизмот или распоредот на операциите со кои ќе се стави  крај администрација на војската на власт. Меѓутоа, соговорникот на телевизијата посочил дека „доколку (трансферот на власта од Мубарак) не се случи, тоа веројатно ќе ја покаже насока во која ќе се движи земјата“. Притоа се прават паралели со државниот удар што го изведе египетскиот воен врв во 1952 г. И соборувањето од власт на кралот Фарук, истакнувајќи дека армијата ја презеде власта шест месеци пред монархијата дефинитивно да биде укината и да биде прогласена современата Република Египет. Дали ќе му се суди на МубаракФинансиските аналитичари од регионот го проценија богатството на смејството Мубарак меѓу 40 и 70 милијарди долари. Според обвинувањата на демонстрантите и опозицијата, ова богатство е стекнато со злоупотреби на државните фондови и меѓународни зделки. Наводно голем дел од богатството на Мубарак е депонирано во британски и швајцарски банки и е инвестирано во недвижнините коишто ги поседува во Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, како и на атрактивни локации на брегот на Црвеното Море. По трите децении минати на претседателската функција и уште неколкуте години претходно минати на висока воена позиција, Мубарак имал пристап до многу инвестициски договори кои на неговите банкарски конта донеле огромни суми, сметаат финансиските и политичките аналитичари. Според написот на арапскиот весник Al Khabar, египетскиот претседател има станови на њујоршки Менхетен, и куќи во ексклузивната област Роде Драјв на Беверли Хилс. Се смета дека доларски милијардери се и неговите синови.Меѓутоа, многу од официјалните претставници на египетските власти се сомневаат дека Мубарак ќе бидат кривично гонети по напуштањето на функцијата. „Нема конкретни наводи за престап за кои би бил обвиент Мубарак“, смета анонимен извор од актуелната егиептска власт кој додава дека доколку подоцна се појават обвиненија против него, со тоа ќе се справуваат правосудните институции. Изворот предвидува, речиси сигурно, дека Мубарак ќе се повлече во Шарм ел-Шеик и ќе води „изолиран“ живот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка

Објавено пред

Од

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.

dobivaj vesti na viber

Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.

„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.

„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск

Објавено пред

Од

Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.

dobivaj vesti na viber

„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.

Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.

„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран

Објавено пред

Од

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.

Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.

„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.

„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ8 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија10 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија11 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура12 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија13 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија16 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет18 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа18 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...