Контакт

Свет

Чавес : Ќе се кандидирам на наредните избори

Објавено пред

Венецуелскиот претседател Уго Чавес кој е на лекување од рак во Куба, изјави денеска дека ќе ја победи тешката болест и дека верува дека ќе победи на изборите следната година со што ќе остане на власт уште најмалку шест години, пренесе државната телевизија.

dobivaj vesti na viber

Венецуелскиот претседател Уго Чавес кој е на лекување  од рак во Куба, изјави денеска дека ќе ја победи тешката болест и дека верува дека ќе победи на изборите следната година со што ќе остане на власт уште најмалку шест години, пренесе државната телевизија.

Во директното телефонското обраќање Чавес рече дека започнува со втор циклус од терапијата со примена на други методи на лекување.

Претседателот Чавес додаде дека постојат различни начини на борба до конечната победа и елимирањето на опасноста од присуство на малигни клетки во неговото тело.

Ова е прво обраќање на Чавес на државната телевизија , откако замина на хемотерапија на Куба , минатата сабота.

Чавес кој на 28.јули ќе го слави својот 57 роденден, никогаш не откри каков вид на тумор има но на 1.јули потврди дека туморот му е успешно отстранет со што ги прекина повеќенеделните шпекулации врзани за неговото здравје./крај/дт/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лидерот на Хезболах прогласи победа над Израел

Објавено пред

Лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека движењето постигнало голема победа, во својот прв говор по стапувањето на сила на прекинот на огнот со Израел во Либан.

dobivaj vesti na viber

„Победивме затоа што го спречивме непријателот да го уништи Хезболах, да го уништи движењето на отпорот или да го ослабне“, рече Касем во телевизиско обраќање, нагласувајќи дека „непријателот не успеал да ги постигне своите цели“.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи во сила во Либан во средата, по повеќе од една година прекугранични непријателства и два месеци отворена војна меѓу израелската војска и либанското вооружено движење поддржано од Иран.

Војната остави речиси 4.000 мртви на либанска страна, раселени речиси 900.000 луѓе според ОН и нанесе големи загуби на Хезболах. Касем, кој го наследи Хасан Насрала, кој беше убиен на 27 септември во израелски напад, вети дека ќе соработува со либанската армија, која е задолжена за спроведување на договорот за прекин на огнот.

Под покровителство на САД и Франција, договорот за прекин на огнот предвидува повлекување на израелската армија од Либан во рок од 60 дена. Хезболах мора да се повлече на околу 30 километри од границата и да ја растури својата воена инфраструктура на југ, каде што ќе бидат распоредени само либанската армија и мировниците.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Насилни протести во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ

Објавено пред

Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија до крајот на 2028 година, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека биле претепани од полицијата во петокот вечерта.

На протестите таа вечер полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, а власта тврди дека се уапсени 43 лица.

Повеќе од 100 дипломати и државни службеници во Грузија потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека одлуката на владата не е во согласност со стратешките интереси на земјата.

Бранејќи го својот потег, премиерот Иракли Кобахиџе ја обвини ЕУ за уцена откако европските пратеници побараа повторување на минатомесечните парламентарни избори во Грузија. Како причина тие наведоа значителни неправилности.

Грузија е управувана од Грузиски сон, партија за која критичарите велат дека се обидела да ја оддалечи земјата од Унијата и да се доближи до Русија.

„Партијата победи на изборите минатиот месец, но пратениците од опозицијата го бојкотираат новиот парламент, тврдејќи дека има изборен фалсификат, а претседателот Саломе Зурабишвили го нарече еднопартискиот парламент неуставен.

Вчера Европскиот парламент ја поддржа резолуцијата која ги опишува изборите како последна фаза од ескалацијата на демократската криза во Грузија и тврди дека владејачката партија е целосно одговорна за тоа.

Резолуцијата изразува особена загриженост во врска со извештаите за заплашување гласачи, купување и манипулација на гласови и вознемирување на набљудувачите.

Европскиот парламент, исто така, повика на санкции против премиерот на Грузија и други високи функционери, вклучително и милијардерот и основач на владејачката партија, Бидзина Иванишвили.

Прикажи повеќе...

Свет

Украина до НАТО: Поканете не’ во Алијансата следната недела

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги повика колегите од земјите-членки на НАТО да упатат покана до Украина да и се приклучи на западната воена алијанса за време на состанокот во Брисел следната недела, се наведува во текстот на писмото што го видел „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Писмото е уште еден обид за притисок на Киев да обезбеди покана за членство во НАТО, што е дел од Планот за победа за ставање крај на војната започната со руската инвазија на Украина во 2022 година, изнесена од претседателот Володимир Зеленски минатиот месец.

Украина вели дека прифаќа дека не може да влезе во НАТО додека војната не заврши, но повикот сега ќе му покаже на рускиот претседател Владимир Путин дека една од неговите главни цели, спречувањето на Киев да стане членка на НАТО, е неостварлива.

НАТО најави дека Украина ќе се приклучи на алијансата и дека е на неповратен пат кон членство. Но, Алијансата не издаде официјална покана, ниту постави временска рамка.

Дипломатите на НАТО велат дека во оваа фаза нема консензус меѓу членкитево врска со поканата за Украина. За таква одлука ќе биде потребна согласност од сите 32 земји-членки на НАТО.

Сибиха во своето писмо, напишано на англиски, тврди дека ова е вистинско време да се случи тоа: Сметаме дека треба да се упати повик во оваа фаза, нагласува.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија3 часа

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ3 часа

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија9 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија9 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија9 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија11 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија12 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија14 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија14 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија14 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија23 часа

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет1 ден

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје1 ден

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...