Македонија
Караван ширум земјата за подобро запознавање на граѓаните со проектот ’Купи куќа, купи стан’

Министерството за финансии, со цел да го доближи проектот ’Купи куќа, купи стан’ до секој граѓанин, од следната недела стартува Караван на по градовите низ Македонија.
Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од страна на луѓето од Министерство за финансии, банките и локалните градежни компании во девет градови.
Караванот стартува следната недела на 16 април со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град.
Ова е распоредот на Караванот Купи куќа, купи стан: 16 април во Охрид, 23 април во Битола, 30 април во Прилеп, 7 мај во Гевгелија,14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово, 4 јуни во Велес и Куманово. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на Италија и којшто е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.
Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката за Западен Балкан на Светската банка, Шиаочин Ју и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа и вицегувернерката Емилија Нацевска, генералната директорка за супервизија, Викторија Глигорова и секторската директорка за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. На средбата беше нагласена посветеноста на Народната банка и инволвираните институции во земјава, коишто со поддршка на експертите од Светската банка напорно работеа на забрзување на процесот на интеграција на земјава во платежната инфраструктура на Европската Унија, преку приклучување кон СЕПА.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за постојаната поддршка којашто Светската банка ни ја даваше во целиот процес, со што ефективно се усогласија националните со регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА, при што нашата земја стана 39 членка на СЕПА.
На состанокот стана збор и за натамошна модернизација на платните системи и натамошни придобивки за граѓаните, особено преку приклучување кон проектот којшто го спроведува Централната банка на Италија, а е наменет за сите земји од Западен Балкан. Се работи за воспоставување систем за инстант плаќања како клон на системот ТИПС со кој управува Европската централна банка (ЕЦБ). Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ.
Во изминатите три децении, Светската банка ѝ е значајна партнерка на Народната банка, којашто дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјава и на централната банка и за одржување на макроекономската стабилност. Светската банка ѝ даде поддршка на Народната банка во подготовката на тригодишниот план за зелени финансии, изработката на макропрудентната стратегија и зајакнувањето на рамката за системски ризици, како и за изработката на подзаконската регулатива за решавање банки.
Економија
Граѓаните се жалат на зголемените сметки за струја, Регулаторната најавува мерки

По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.
Меѓу нив се: месечно отчитување на броилата, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај некои од потрошувачите што имаат доставено приговори до РКЕ.
„Овие механизам се дел од заедничкото дејствување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи што се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторната.
Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност, без разлика дали се организирани формално или неформално.
Се додава дека овој сет мерки ќе стапи во сила по завршувањето на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни.
Економија
Мицкоски: Првпат имавме раст од 3 отсто и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.
„Имавме два супер успешни квартала, тоа беа четвриот и третиот квартал од минатата година. Првпат забележавме раст по долго време од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодачи од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат“, истакна премиерот Мицкоски.
Тој информира дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:
„Она што го ветивме за првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина, за овие девет месеци направивме многу убави работи што некои ги ветивме, други ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“.