Економија
Фолксваген ќе отвора нови работни места

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира во наредните години, поради силниот економски развој, да отвори нови 50.000 работни места, изјави за весникот „Ханделсблат“ техничкиот директор на команијата, Хорст Нојман. Во моментов компанијата насекаде низ светот вработува 400.000 лица, подсетува агенцијата Асошиејтед прес.„Фолксваген“ моментно е најголемиот производител на автомобили во Европа, а до 2018 година планира да биде број еден и во светот.Компанијата предвидува дека продажбата во текот на оваа година за прв пат ќе ја мине бројката од седум милиони автомобили. Најдоцна до 2018 година годишната продажба треба да изнесува повеќе од десет милиони автомобили годишно. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маркетите со закон ќе бидат обврзани да ги објавуваат цените на веб-страниците, вели Мицкоски за мерката што не се применува

Маркетите законски ќе бидат обврзани на веб-страници јавно да ги објавуваат цените на сите производи што ги нудат. Оваа мерка, која лично премиерот Христијан Мицкоски ја предложи, беше најавена во последниот пакет-мерки за намалување на цените на производите, но сè уште не се применува оти се потребни законски измени.
„Во парламентот ќе имаме законски измени, треба првин тие да се донесат за да може потоа сето ова да се примени. Иако тоа наиде на потсмев кај одредени медиуми и кај опозицијата, таканаречениот израелски модел, гледаме доста од европските влади веќе го прифаќаат како таков. Ние бевме меѓу првите, во собраниска процедура е измената на законот. Откога ќе биде завршена и донесен законот, сметајте дека тие ќе бидат обврзани и ќе мора да го почитуваат сето тоа“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања денес во Владата.
Објавувањето на цените на сите производи како мерка премиерот Мицкоски го предложи пред две недели за да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и да одлучуваат каде ќе пазаруваат.
Обврската за објавување на цените на сите производи кои ги нудат маркетите се предвидува со измени на Законот за заштита на потрошувачите предложени од парламентарното мнозинство. Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, извести дека предложените измени денес влегуваат во собраниска процедура.
Економија
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, лицемерен бил предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата

Лицемерни се предложените измени од пратениците од СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата, изјави Игор Здравковски од пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ откако владејачкото мнозинство не даде поддршка за овој предлог во законодавниот дом.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по седум години власт, социјалдемократите предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата, а претходно ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли.
„Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери. Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh. Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48 отсто во последните 8 месеци“, рече Здравковски.
Како што додаде, со активните мерки со ограничување на маржите ќе има запирање на инфлацијата на храната, а со тоа и заштита на стандардот на граѓаните.
До СДСМ порача, наместо да се однесуваат лицемерно,во иднина да ги прифатат мерките на Владата и конструктивно заедно да работат за доброто на граѓаните.
Предлогот на СДСМ предвидуваше намалување на ДДВ-то за струјата, што, како што велат предлагачите, ќе значеше 13 отсто пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки, заштедата ќе беше уште поголема. Истото тоа важи и за основните прехранбени производи. Пратеникот Фатмир Битиќи изјави дека нмалувањето на ДДВ на нула проценти ќе значеше директно поевтинување на храната, односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите други основни продукти што секојдневно ги купуваат граѓаните.
Економија
Од полноќ поевтинуваат горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,256% или за 9,300 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,356% или за 2,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,325% или за 2,300 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,247% или за 1,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,012 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,178 ден/кг.