Свет
СНС: Руската поддршка на Асад значи продолжување на насилството
Руската поддршка на официјален Дамаск, без оглед на тоа колку се обидува да го прикрие, на сирискиот режим му овозможува продолжување на насилствата, изјави во средата по посетата на Москва, новиот лидер на Сирискиот национален совет (СНС – SNC) .
„Ја отфрламе таквата руска политика. Без оглед на маската зад која се обидуваат да се сокријат, станува збор за политика која го поддржува режимот, а тој режим овозможува продолжување на насилствата во земјата“, изјави Абдел Басет Сејјда, претседател на Сирискиот национален совет на прес-конференција.„Сирискиот народ трпи поради ставот на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации, каде оваа земја вложи вето на резолуциите со коишто се осудува режимот во Дамаск“, потсети Сајда.„Резултатот од тоа е продолжување на убиствата, гранатирања и насилство. Оружјето што Русија му го испраќа на сирискиот режим, режимот го употребува против сопствениот народ. Правната и моралната одговорност треба да ги присили Русите на поинакво дејствување. Русите би морале да го принудат режимот во Сирија да престане да го убива сопствениот народ. Сирискиот режим знае дека зад него стојат Иран и Москва. Да ја нема поддршката од Русија, не би можел да ја продолжи политиката против сопствениот народ“, истакна лидерот на СНС.Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот со претставниците на СНС во Москва го повтори ставот дека треба да се почитува мировниот план на меѓународниот посредник Кофи Анан, кој идната седмица ќе допатува на разговори во Москва./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

