Македонија
Милошоски: Нема да не изненади нова блокада од Грција

Шпанското претседателство е добра прилика за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, но нема да не изненади доколку Грција не и дозволи на Европа да го надгради својот кредибилитет за проширување на Унијата.
Шпанското претседателство е добра прилика за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, но нема да не изненади доколку Грција не и дозволи на Европа да го надгради својот кредибилитет за проширување на Унијата. Ова денеска во Скопје, на трибина на ВМРО-ДПМНЕ, го изјави шефот на македонската дипломатија Антони Милошоски. „ВМРО-ДПМНЕ ја има повторно шансата да биде партијата која што ќе ја има приликата да ги отпочне преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија. Сметам дека шпанското претседателство е една добра прилика, иако, да бидеме искрени, нема да е изненадување доколку јужниот сосед, Република Грција, повторно, заради себични причини не успее да и дозволи на самата Европа да го прошири и да го надгради својот кредибилитет и концепт за проширување на Европската Унија со Македонија и со нашиот регион“, рече министерот Милошоски. Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ побараа консензус во однос на прашањето со името, но и почитување на фундаменталните човекови права од страна на Унијата. „Ако постои консензус во однос на нашиот евро-интегративен процес, треба да постои и внатрешен политички и се граѓански консензус во однос на изнаоѓање решение за ова важно прашање“, рече Петар Поп Арсов, пратеник и претседател на собраниската комисија за Европски Прашања, нарекувајќи го прашањето за името „нечовечки критериум кој и се наметнува на Македонија. „Верувам во европскиот слободарски дух, верувам во почитувањето на човековите права, меѓутоа верувам во почитувањето на правата и слободите на граѓаните од сите земји на светот сами да се определат како сакаат да се именуваат. Верувам дека тоа е и обврска на обединета Европа,, поради тоа што таа почива на овие постулати“, рече Силвана Бонева, пратеник и потпретседател на Националниот Совет за евро-интеграции. Од својата страна, Васко Наумовски, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, рече дека државата го има целосниот капацитет за отпочнување на преговорите со Унијата. „Ние сме свесни за сите предизвици што престојат, за тежината на самиот процес на преговори, меѓутоа сме уверени во нашите капацитети и во способноста на Македонија и во способноста на институциите на државата заеднички да чекориме кон остварување на нашата заедничка цел, а тоа е полноправното членство на Република Македонија во Европската Унија“, рече Наумовски. Овие ставови беа искажани на денешната трибина, насловена како “Европската интеграција на Република Македонија-темелен принцип на ВМРО-ДПМНЕ”. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“ – емотивна објава на Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата „ДНК“ и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните мрежи се потсети на трагичната ноќ од пред шест месеци, која, како што рече, на сите ни ги промени животите.
„Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат. Не требаше да биде вака, колеги мои… Засекогаш ќе ве носам во моето срце. Почивајте во мир,“ напиша Тонев.
Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, меѓу нив и повеќе членови и соработници на „ДНК“ – вокалистот Андреј Ѓорѓиевски, професорката и пратечки вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.
Тонев два месеци беше на лекување во болница во Солун. Пожарот го преживеаја и фронтменот Панчо и придружниот вокал Ана Костадиновска.
Македонија
Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и фрлање ѓубре на недозволени места. Одговарајќи на новинарско прашање дали ги забележал депониите покрај Вардар кај Сиричино кога доаѓал кон Јегуновце, премиерот рече дека секој што ќе биде фатен на дело, ќе биде најстрого казнет.
„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите, со кои подметнување пожар ќе биде квалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото, ќе биде друго кривично дело, кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, рече премиерот Мицкоски.
Освен законските измени, премиерот рече дека вчера Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е местото.
„Јас ги повикувам и несовесните граѓани што ги формираат овие диви депонии да не го прават тоа затоа што сите оние што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, повика премиерот Мицкоски.
Денешната снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија премиерот Мицкоски рече дека е само уште еден доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите. И денес тој не сакаше прецизно да каже кои се тие центри на моќ, но повтори дека одговорот на прашањето кому му одговара ваква состојба го дава и одговорот на прашањето кој ги нарачува.
Македонија
Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје.
Според него, Министерството за внатрешни работи веќе собрало дојави и информации за нивните активности, а во координација со Министерството за животна средина ќе следуваат конкретни акции.
„Идентификувани се дваесетина лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад целиот овој процес“, изјави Мицкоски додавајќи дека институциите интензивно работат на расчистување на случаите.
Тој посочи и дека веќе постои снимка, која јасно покажува како бил подметнат пожарот во еден објект во Скопје рано утрото во 4.30 часот.
„Видовте колку дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека постојат центри на моќ што сакаат да внесат страв и паника пред изборите“, рече премиерот.
Според него, заседавањето на врвот на структурите на МВР е во тек, а институциите се решени да ги спречат обидите за создавање нестабилност. „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат. Ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крајот – повторно ќе победиме“, порача Мицкоски.