Свет
Вонредна седница на египетската влада
Египетскиот премиер Есам Шараф свикал вонредна седница на Владата и ја откажал посетата на Обединетите Арапски Емирати по жестоките судири во Каиро.
Египетскиот премиер Есам Шараф свикал вонредна седница на Владата и ја откажал посетата на Обединетите Арапски Емирати по жестоките судири во Каиро.Според последните информации на државните медиуми во Египет, во крвавиот судир меѓу муслиманите и христијаните во Имбаба, предградие на Каиро, загинаа десет луѓе, додека 186 се повредени.„Премиерот Шараф свика итна седница на Владата со цел да ги испита случувањата во Имбаба“, изјавил Ахмед ал-Самам, портпаролот на владиниот Кабинет.Претходно беше јавено за смртта на шест лица, додека бројот на повредените во судирите изнесуваше околу 140 .„Бројот на жртвите се утврдува поради судирите кои се проширија и на други области во Имбаба“, изјавил за агенцијата МЕНА претставник на министерството за внатрешни работи на Египет.До судирите дојде откако четири илјади салафити – следбеници на една од најрадикалните струи на исламот – ја блокираа црквата „Мари-Мина“, каде во тоа време имало многу верници. Тие барале ослободување од црквата на девојка од христијанско семејство, која, наводно, го прифатила исламот за да се омажи за муслиман. Христијаните тврдат дека тие не држат никој, туку дека станува збор за напад од религиозните екстремисти врз црквата. Подоцна, градските власти потврдија дека девојката не била задржувана во црквата.Сепак, меѓу христијаните и муслиманите избила престрелка со огнено оружје, која била прекината со интервенција на војската и полицијата. Подоцна неидентификувани лица запалиле уште една црква во Имбаба во близина на местото на судирот, а пожарникарите и локалните жители успеале да го локализираат огнот.Гувернерот на провинцијата Гиза, Али Абдел Рахман, изјави дека ситуацијата е ставена под контрола, благодарение на напорите на армијата и полицијата, како и на локални шеици кои ги повикале младите да се вратат во нивните домови.Ова не е првпат салафитите да бараат властите да ослободат христијанин кој, според нив, доброволно го прифатил исламот, а бил насилно чуван од роднините. Тие пред извесно време бараа ослободување на уште една христијанка – Камиљ Шахат, која според нив го прифатила исламот, а потоа насилно била испратена во манастир. Во црквата во каирскиот регион Абасија пред една седмица имаше големи протести на салафитите, но тие завршија без судири. Во саботата Шахат лично се јави со демантирање дека преминала во исламот велејќи дека „ќе умре како христијанка“.Врховниот муфтија на Египет, Али Гумаа ги осуди судирите меѓу муслиманите и христијаните, повикувајќи ги Египќаните да сторат се за да се избегнат секташките непријателства.„Во таков напад врз безбедноста на Египет не може да тргнат луѓе кои добро се разбираат во нивната религија, без оглед на тоа дали тие се муслимани или христијани“, се наведува во соопштението што го издаде муфтијата Гумаа цитирано од МЕНА.По промената на власта во Египет и влошувањето на безбедносната ситуација во земјата зачестија и конфликтите на верска основа. На слобода од затворите беа пуштени многу исламисти, а новата влада не ги забранува нивните активности.Во Египет е најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток. Според различни проценки, тие претставуваат околу 10 отсто од 80-милионското население на Египет./крај/рн/хина/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

