Македонија
Руси: Сите одат нанапред, ние се враќаме назад

Имаме се повеќе случаи што ја навестуваат тенденцијата за враќање на категоријата политички судења и политички затвореници
Имаме се повеќе случаи што ја навестуваат тенденцијата за враќање на категоријата политички судења и политички затвореници. Сите одат нанапред, ние се враќаме наназад.
Ова го изјави претседателот на Хелсиншкиот комитет Исо Руси во интервју за дневниот “Утрински весник“ објавено денеска.
“Во прв план излегуваат состојбите во правосудството, што се должи на големиот број политички монтирани судења и политички реваншизми“, вели Руси, и додава дека полицијата останува во рацете на партијата, како во социјализмот.
Според Руси, сите политички партии кога се во опозиција имаат едно мислење за Комитетот, што го менуваат кога ќе дојдат на власт.
“Но, последната власт реагира несмасно и грубо, дури и на пониско ниво од претходната“, заклучува претседателот на Хелсиншкиот комитет.
“Тврдам дека таа промена е драстична, бидејќи таа иста партија кога беше во опозиција, земаше делови од тие исти наши месечни извештаи и ги публикуваше со партиско лого во дневните весници“, изјави Руси во интервју за “Утрински весник“./крај/ув/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.